Дебарско-реканска Котлина

котлинска целина во западна Македонија

Дебарско-реканска Котлинакотлинска целина во Западна Македонија која го опфаќа просторот на Дебарската Котлина заедно со сливното подрачје на Радика и соседниот дел од сливното подрачје на Црн Дрим помеѓу Глобочичката Клисура и браната на Дебарското Езеро. Теренот има големи висински разлики (од 450 до 2.753 м), што се должи на високите планини кои ја обиколуваат котлината.

Дебар.-рек. Котлина во рамките на Македонија
Дебар.-рек. Котлина
Местоположба на Дебарско-реканска Котлина во Македонија
Поглед на Дебарско Поле со градот Дебар и Дебарското Езеро.
Поглед на Мавровската Котлина со Мавровското Езеро.

Опфат уреди

Котлината е ограничена со водоразделните линии по масивите и ограноци на планините Крчин, Дешат, Кораб, Шар Планина, Бистра, Стогово и Јабланица. Зафаќа вкупна површина од 973,4 км2[1].

Поделба уреди

Според морфологијата, како посебни просторни целини во Дебарско-реканската Котлина се издвојуваат следниве подрачја:[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Маркоски, Благоја (2005). „Картографско дефинирање и диференцирање на котлинските просторни целини во Република Македонија“ (PDF). Билтен на заводот за физичка географија. Скопје: ПМФ. 2 (2005): 47–66. ISSN 1409-8288.

41°26′N 20°34′E / 41.433° СГШ; 20.567° ИГД / 41.433; 20.567