Радика

река во Македонија

Радикарека во Македонија, која е десна, а воедно и најголема притока на реката Црн Дрим. Припаѓа на јадранското сливно подрачје.

Радика
Местоположба
Физички особености
УстиеЦрн Дрим, јужно од Дебар
 • надм. вис.
487 м
Должина70 км
Особености на сливот

Хидрографски одлики на Радика уреди

Радика извира на 2.200 метри надморска височина под Враца.

Од изворот до утоката во Дебарското Езеро е долга 67 км.

На овој пат таа прима четири притоки и тоа:

Радика има чиста, бистра и студена вода со изглед на темнозелена боја што е последица од калциум карбонатот во неа.

Долината на Радика уреди

Долината на Радика е една од најатрактивните и најживописните кањонски долини. Кањонот е стар неколку милиони години пробивајќи се меѓу планинските страни на:

Радика е единствена река со бифуркација во Македонија, која дава вода на два слива, Јадранскиот и Егејскиот слив. Со канали дел од водите на Радика се носат во Мавровското Езеро и го полнат со вода, а од тука со подземни тунели во Вардар. Тука е изградена ХЕЦ „Врбен“.

Куриозитет на долината на Радика претставува народната оригинална архитектура на селските куќи во Битуше, Јанче, Гари, Лазарополе и др.

Биоразновидност уреди

Околината на Радика изобилува со богат растителен и животински свет. Од дивечот има срни, диви свињи, дивокози, мечки, рисови, волци, лисици и др. Покрај риболовот на пастрмки, постојат можности за лов на крупен дивеч.

Непосредно над брегот при утоката на Радика во Дебарското Езеро се наоѓа бањата Косоврасти, познато лекувалиште за ревматски заболувања. Топлите сулфурни и радиоактивни води уште повеќе ја зголемуваат привлечноста кон Радика.

Мостови уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди