Давид Бабунски

македонски фудбалер

Давид Бабунски (1 март 1994) — македонски фудбалер кој игра на позицијата лево крило. Покрај македонското, тој поседува и шпанско државјанство. Моментално тој игра за јапонскиот клуб Јокохама Ф. Маринос.

Давид Бабунски
Бабунски во дресот на Барселона Б во 2012 година
Лични податоци
Полно име Давид Бабунски
Роден на 1 март 1994(1994-03-01)(30 г.)
Роден во Скопје, Македонија
Висина 1.74 м (5 ст 9 ин)
Позиција Крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Јокохама Ф. Маринос
Број 33
Младинска кариера
2006–2013 Барселона
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013–2016 Барселона Б 48 (1)
2016 Црвена Ѕвезда 11 (0)
2017– Јокохама Ф. Маринос 3 (2)
Репрезентација
2010–2011 Македонија до 17 години 4 (0)
2011–2012 Македонија до 19 години 3 (1)
2012– Македонија до 21 година 23 (5)
2013– Македонија 8 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 27 март 2017
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 11 октомври 2016

Животопис уреди

Професионална кариера уреди

Бабунски настапувал за екипата на „Барселона Б“, за која одиграл 16 натпревари во сезоната 2014-2015. Во јуни 2015 година, италијанскиот портал „Туто меркато“ објавил дека Бабунски потпишал за „Сампдорија“.[1] Сепак, оваа најава не се остварила и Бабунски останал во Б-екипата на „Барселона“, која го пријавила на потенцијалниот список за настап во Лигата на шампионите во сезоната 2015-2016.[2] Во февруари 2016 година, Бабунски станал член на ФК „Црвена ѕвезда“ од Белград.[3]

Репрезентативна кариера уреди

Наводи уреди

  1. „Давид Бабунски ќе настапува за Сампдорија“, Дневник, година XIX, број 5794, петок, 19 јуни 2015, стр. 26.
  2. „Барселона го пријави и Бабунски за настапите во ЛШ“, Дневник, година XIX, број 5856, четврток, 3 септември 2015, стр. 23.
  3. Дневник, година XX, број 5989, понеделник, 15 февруари 2016, стр. 25.

Надворешни врски уреди