<< март >>
Н П В С Ч П С
01 02
03 04 05 06 07 08 09
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31
2024

1 март — 60-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (61-и во престапна година). Остануваат 305 денови до крајот на годината.

Настани:

1913  Во Петроград е објавен и издаден Меморандумот за независноста на Македонија од страна на ополномоштените Македонци, членови на МНЛД. Испратен до британскиот и рускиот министер за надворешни работи, амбасадорите на големите сили и објавен во европскиот печат.
1917  Лондонската метро-станица „Портланд Руд“ го добива името „Грејт Портланд Стрит
1992  Во Сараево е убиен Никола Гардовиќ, прва жртва на војната во БиХ.
1994  Владата на Словачка донесе одлука за признавање на Македонија и за воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади.
1997  Изгоре Планинарскиот дом „Дервен“‎‎, еден од најстарите во Македонија (изграден 1951 година).

Родени:

1810  Фредерик Шопен — полски композитор и пијанист, наречен „поет на клавирот“.
1886  Оскар Кокошка — австриски сликар.
1899  Димитар Пандилов — прв македонски импресионистички сликар.
1904  Глен Милер — американски музичар, продуцент и композитор.
1921  Благоја Корубин — македонски јазичар.
1927  Хари Белафонте — американски глумец и пејач.
1929  Марија Мирчов - Скаловска — македонска оперска и концертна пејачка.
1933  Шпиро Губерина — хрватски глумец.
1944  Роџер Далтри — англиски рок-пејач, член на групата „Ху“.
1958  Ник Кершо — англиски поп-музичар.
1973  Крис Вебер — американски кошаркар.
1983  Станка Златева — бугарска борачка.
1989  Карлос Вела — мексикански фудбалер.
1993  Хуан Бернат — шпански фудбалер.
1994  Давид Бабунски — македонски фудбалер.
1994  Џастин Бибер — канадски поп-пејач и глумец.
2001  Агон Елези — македонски фудбалер.

Починале:

1643  Џироламо Фрескобалдииталијански оргулар и композитор, најголем мајстор на органа во своето време.
1911  Јакоб Хенрик вант Хофхоландски хемичар, добитник на Нобеловата награда за хемија (1901).
1952  Грегори Ла Кава — американски филмски режисер.
1971  Франтишек Хрубин — чешки писател.
1980  Дикси Дин — англиски фудбалер.
2021  Златко Крањчар — хрватски фудбалер.
2023  Жист Фонтен — француски фудбалер.

Празници:

Летник — македонски народен празник, поврзан со почетокот на пролетта и враќањето на преселните птици.