Градиште (Калањево)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Градиште


Местоположба 41°24′02″N 22°06′43″E / 41.40056° СГШ; 22.11194° ИГД / 41.40056; 22.11194
Основни податоци
Место Калањево
Општина Неготино
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиштеархеолошко наоѓалиште во неготинското село Калањево. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 2,5 км југоисточно од селото, на висок рид со кота 948 м, до синорот со селото Липа. На самото плато, кое е зарамнето и со поголеми димензии, се среќаваат градежен материјал и фрагменти од керамички садови и питоси. Констатирани се големи камени плочи, грубо обработени, од гробови - тип циста.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 233. ISBN 9989-649-28-6.