Липа (село)

село во Општина Неготино, Македонија

Липа — раселено село во Општина Неготино, во областа Тиквеш, во околината на градот Неготино.

Липа

Поглед на селото

Липа во рамките на Македонија
Липа
Местоположба на Липа во Македонија
Липа на карта

Карта

Координати 41°28′45″N 22°14′47″E / 41.47917° СГШ; 22.24639° ИГД / 41.47917; 22.24639
Регион  Вардарски
Општина  Неготино
Област Тиквеш
Население 1 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1440
Повик. бр. 043
Шифра на КО 18022
Надм. вис. 350 м
Слава Свети Никола
Липа на општинската карта

Атарот на Липа во рамките на општината
Липа на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Неготино, под југоисточната падина на планината Серта.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 350 метри.[2]

Липа се наоѓа на ниска тераса на десната присојна страна на Дубљанска Река. Во селото се наоѓа бунар.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Падина, Голема Нива, Капина, Локва и Бедник.[3]

Селото има збиен тип, а во минатото било чифличко.[3]

Историја уреди

Денешното село било создадено од староседелци во некогашното селиште Стара Липа, кое се наоѓало во изворишниот дел на Дубљанска Река под врвот Бел Камен на Серта. Ова се случило во периодот 1820-1830 година.[3] На селиштето се наоѓаат остатоци на куќи, гробишта и црквиште.[3]

Стопанство уреди

 
Поздравен знак во селото

Атарот зафаќа простор од 11,9 км2.[2]

Селаните главно биле сточари и земјоделци. До Балканските војни, селаните работеле на чифлигот на Хасан-бег од Кавадарци.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194864—    
1953111+73.4%
19612−98.2%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
20211—    

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Липа имало 120 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Липа имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[6]

Селото било наполно раселено по 1962 година, кога што броело двајца жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Липа немало жители.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, од кои Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 96 64 111 2 0 0 0 0 0 1
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови уреди

Липа било македонско село.[3]

Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:

  • Староседелци: Камчевци (6 к.), порано живееле во месноста Стара Липа, во изворот на Дубљанска Река, под местото Бел Камен.
  • Доселеници: Ѓоргевци (1 к.), доселени се од селото Гарван (Стар Гарван) кај Радовиш во средината на XVIII век.

Самоуправа и политика уреди

 
Липова Езеро

Во XIX век, Липа било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во Општина Неготино, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на општината Неготино и во периодот 1957-1962 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пепелиште, во која покрај селото Липа, се наоѓале и селата Брусник, Војшанци, Јанешево, Калањево, Криволак, Пепелиште, Пештерница, Црвени Брегови и Џидимирци. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бистренци, во која влегувале селата Бистренци, Војшанци, Иберли, Калањево, Корешница, Кошарка, Липа и Челевец.

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1232 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Војшанци. Во ова избирачко место се опфатени и селата Брусник, Војшанци и Калањево.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 315 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 320 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Главната селска црква „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви
Езера

Редовни настани уреди

Слави[3]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 179. Посетено на 27 октомври 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 491–492.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 155.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 104-105.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 октомври 2021.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 26 октомври 2021.
  15. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 234. ISBN 9989-649-28-6.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди