Галерија на икони (Ново Село)

музеј на икони во Ново Село, Штип

Галерија на икони - Ново Селомузеј на икони во црквата „Успение на пресв. Богородица“ во штипската приградска населба Ново Село.[1]

Галерија на икони
Црквата „Успение на пресв. Богородица“ во која е сместена галеријата
Карта
Основан1972
МестоНово Село, Штип, Македонија Македонија
Типдуховен
Фондикони, црковни предмети

Галеријата е отворена во 1972 г. како прва од овој вид во СР Македонија. Збирката се состои од 222 икони и црковни предмети. Значителен дел од иконите се изработени од 1861 до 1866 година од истакнатиот зограф Станислав Доспевски од Самоков. Посебно место во изложбената постановка зазема иконописната претстава на платно „Чудотворната моќ на Богородица“, дело на зографот Теодосиј од Велес. Изложени се и дела на видниот штипски зограф Данило Коцев - Штиплијата, кој во 1914 г. ја насликал во масло композицијата „Полагањето на Христос во гроб“. Во 1919 г. зографот и сликар Коста Вангелов ја насликал „Оплакувањето на Христа“. Во галеријата има и ретка икона „Обрезание Христово“, дело на Данило Коцев од 1895 г.

Изложени се уште и путири, кандила и други црковни предмети, дело на месните кујунџиски работилници.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Галерии на икони“. Општина Штип. Архивирано од изворникот на 2016-11-03. Посетено на 2022-01-19. Занемарен непознатиот параметар |access= (се препорачува |access-date=) (help); Недостасува права црта во: |access= (help)