Вонредна состојба

Вонредна состојба ― состојба во која власта во една држава е овластена да преземе дејства кои во нормални околности не би ѝ биле дозволени, а со цел да им овозможи безбедност и заштита на своите граѓани. Власта може да прогласи таква состојба за време на природна катастрофа, граѓански немири, вооружен конфликт, пандемија, епидемија или друг биосигурносен ризик. Во римското право ваквата состојба се нарекува „јустициум“; тоа бил начин со кој Римскиот Сенат можел да објави конечен декрет (senatus consultum ultimum) против кој не биле допуштени приговори, а помагал да се спасат животи за време на несогласувања.

Членови од кралскиот малезиски полк за време на вонредната состојба во Малезија во 1949 година ја прегледуваат опремата запленета во рација

Вонредната состојба може да се користи и како изговор за ограничување на одредени права и слободи кои инаку се загарантирани со уставот на државата. Постапката и законитоста за нејзино воведување се разликува од земја до земја.

Меѓународно право уреди

Според меѓународното право, за време на вонредна состојба, во зависност од сериозноста на вонредната состојба и политиките на владата, може да бидат суспендирани правата и слободите на граѓаните.

Користење и стојалишта уреди

Во некои земји за време на вонредна состојба не смее да се менува уставот, но дозволено е да се менуваат закони и права на граѓаните. Вонредната состојба мора јавно да биде објавена, со наведување на причината за нејзиното воведување, точното време на нејзиното започнување, можните ограничувања кои ќе настанат како резултат на воведувањето, како и очекуваното време за завршување на вонредната состојба. Иако ова е стандарден протокол од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, неговиот комитет за следење нема овластување да наметнува санкции, па затоа неговите препораки не се секогаш строго следени.

Градирање уреди

Во многу демократски држави има различни правни определби за одделни вонредни состојби.[1] Според степенот на сериозност, тие се:

Злоупотреба уреди

Вонредната состојба може да се злоупотреби преку нејзино свикување. Таков пример би бил ако на власта ѝ се дозволи да ја потиснува опозициската партија без да ги почитува човековите права. Тоа се случило за време на обидот за државен удар од август 1991 година во Советскиот Сојуз (СССР), при што водачите на пучот прогласиле вонредна состојба; неуспешниот државен удар довел до распад на Советскиот Сојуз.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

  1. „Emergency Declarations and Authorities Fact Sheet | State Public Health | ASTHO“. www.astho.org.