Венецијанска комисија

Венецијанската комисија е советодавно тело на Советот на Европа, составено од независни експерти од областа на уставното право. Била создадена во 1990 година, по падот на Берлинскиот ѕид, во време на итна потреба за уставна помош во Средна и Источна Европа. Официјалното име на комисијата е Европска комисија за демократија преку право, но бидејќи состаноците се одржуваат во Венеција, Италија, вообичаено се нарекува Венецијанска комисија.

Црква на Св Јован во Венеција
Црква на Св. Јован во Венеција