Волшебното самарче

„Волшебното самарче“роман за деца на македонскиот писател Ванчо Николески.

Корица од првото издание на „Волшебното самарче“ 1962 година
Корица од првото издание на „Волшебното самарче“ 1962 година

Содржина уреди

Романот се состои од 25 глави:[1]

  • Селото Мацково
  • Необично познанство
  • На студеното горско изворче
  • Малото дрварче
  • Волшебното самарче
  • Крај родното огниште
  • Неочекувано познанство
  • Господска вечера
  • Првата акција
  • Стариот познајник
  • Несакана средба на мостот
  • Зелените шатори
  • Подземна скривница
  • Непожелни гости во Мацково
  • Двајца чудни овчари
  • Камбаната бие...
  • Една ноќ во скршената воденица
  • Солзи над родното огниште
  • Партизанско оро
  • Малото млекарче
  • На друмот кај селското анче
  • Ноќните огнови и невидливите птици
  • Шарената горска полјанка
  • Смртоносната тројка
  • Проштевање

Изданија уреди

Во 1998 година, романот бил објавен од издавачката куќа „Детска радост“, како дел од книгата „Мице, Волшебното самарче“. Книгата, со обем од 152 страници и со димензии од 20 сантиметри, била испечатена во НИП „Нова Македонија“, РЕ Печатница. Автор на илустрациите, на дизајнот и на ликовно-графичкото уредување е Димче Исаиловски, а лектурата и коректурата ги направила Кате Ноневска. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-419-Х.[2]

  1. Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 17-148.
  2. Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998.