Ванчо Николески (Црвена Вода, Охридско, 10 јуни 1912 - Црвена Вода, Охридско, 15 април 1980) — македонски писател, претставник на првата повоена генерација македонски писатели за деца и младина.

Ванчо Николески
Роден/а10 јуни 1912
Црвена Вода, Охридско
Починат/а15 април 1980(1980-04-15) (возр. 67)
Црвена Вода, Охридско
Занимањеписател за деца и млади
НационалностМакедонец
ДржавјанствоМакедонец
НародностМакедонец
ЖанрПоезија и проза
Значајни делаГоце Делчев“, „Волшебното самарче“, „Мице“, „Чудотворен кавал
Значајни наградиСв. Климент Охридски“, „11 Октомври“, „Младо поколение

Животопис уреди

Ванчо Николески е роден во селото Црвена Вода - Дебрца, Охридско. Основно училиште завршил во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителска школа, тој учителствувал во многу села низ Македонија.[1] По ослободувањето на Македонија, Николески работел како новинар и уредник на весникот „Титов пионер“ и во детските емисии на Радио Скопје и Радио Битола. Од 1950 година бил член на Друштвото на писателите на Македонија.[2] Починал во Охрид, во 1980 година.[3]

Награди и признанија уреди

 
Споменик на Ванчо Николески на Мостот на уметноста

За своето книжевно творештво, Николески бил добитник на повеќе книжевни награди, меѓу кои и наградите:[4]

Неговите дела се преведени на сите југословенски јазици, а тој самиот се занимавал со преведување од српски и од руски јазик.[6]

Во негова чест, Друштвото на писателите на Македонија ја доделува наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади.

Библиографија уреди

Николески спаѓа во основоположниците на македонската книжевност за деца и нејзин најистакнат претставник во периодот непосредно по Втората светска војна. Своите први поетски творби ги објавил во детскиот весник „Титов пионер“.[7] Негови најпознати дела се:[8]

  • „Македонче“ (прва збирка песни за деца на македонски јазик, 1946)
  • Мице“ (поема, 1947)
  • „Школско ѕвонче“ (песни, 1947)
  • „Прва радост“ (песни, 1947)
  • „Бабино вретенце“ (песни, 1948)
  • „Крај огниште“ (песни, 1948)
  • „Дедови приказни“ (песни, 1950)
  • „Шарено торбиче“ (песни, 1950)
  • „Татковина“ (песни, 1950)
  • Мое село“ (песни, 1950)
  • „Чуден свет“ (песни, 1952)
  • Чудотворен кавал“ (раскази, 1952)
  • „Мојот ден“ (сликовница, 1952)
  • „Стани, Коле“ (песни, 1952)
  • „Братска дружба“ (приказни и бајки, 1953)
  • „Четиринаесет илјади ослепени“ (историска поема за времето на Цар Самоил, 1954)
  • „Приказни и бајки за деца“ (1955)
  • „Чудни случки“ (раскази, 1958)
  • „Цвета смета“ (сликовница, 1960)
  • Волшебното самарче“ (роман, 1962)
  • „Приказни од моето село“ (раскази, 1964)
  • Гоце Делчев“ (роман, 1964)
  • „Чуден дедо“ (песни, 1964)
  • „Под виорното знаме“ (роман, 1967)
  • „Приказни од волшебната куќичка“ (раскази, 1970)
  • „Малиот ловец“ (раскази, 1970)
  • „Станко спанко“ (песни, 1972)
  • „Ѕвездени вечери“ (песни, 1973)
  • „Рачко плачко“ (песни, 1973)
  • „Крвави години“ (хроника-роман)
  • „Жива книга“ (раскази, 1978)

Наводи уреди

  1. Косара Гочкова, „Разговор за делото „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески“, во: Ванчо Николески, Гоце Делчев. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1987, стр. 91-92.
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 180.
  3. „Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149.
  4. „Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149.
  5. Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 154–155. ISBN 978-9989-2783-0-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  6. „Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149.
  7. Косара Гочкова, „Разговор за делото „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески“, во: Ванчо Николески, Гоце Делчев. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1987, стр. 91.
  8. „Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149.

Надворешни врски уреди