Владимир Јачев

македонски глумец

Владимир Јачев (Скопје, 24 јануари 1971) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Владимир Јачев
Роден 24 јануари 1971(1971-01-24)(53 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање глумец

Животопис уреди

Владимир Јачев е роден на 24 јануари 1971 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владимир Милчин, а во 2010 година магистрирал на истиот факултет во областа на театрологијата. Вработен е во Македонскиот народен театар од 1994 година.[1]

Театрографија уреди

  • Александар Македонски — „Крик“ од Блаже Минески, р. Владимир Милчин, МНТ, 1992.
  • Либен — „Жорж Данден“ од Жан Батист Молиер, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1992;
  • Корифеј, Мајстор за оружје — „Мир“ од Жан Батист Молиер, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 1993;
  • Топук — „Буре Барут“ од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1994;
  • Павел Иванович Чичиков — „Мртви души“ од Николај Василевич Гогољ, р. Владимир Милчин, МНТ, 1994;
  • Жолта Евреина — „Лепа Ангелина“ од Благоја Ристевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 1995;
  • Стенли Вебер — „Роденден“ од Харолд Пинтер, р. Васил Христов, МНТ, 1995;
  • Роби — „Шопинг енд факинг“ од Марк Рејвенхил, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 1998;
  • Виктор Дебисон — „Мисија“ од Хајнер Милер, р. Кристијан Ристевски, МНТ, 1998;
  • Тиресеј — „Антигона во техноленд“ од Софокле, р. Галин Стоев, МНТ, 1999;
  • Столе — „Гроф Миливој“ од Ристо Крле, р. Димитрие Османли, МНТ, 2001;
  • Расим — „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, р. Александар Поповски, МНТ, 2001;
  • Витез Дансен — „Опасни врски“ од Шадорло де Лакло и Кристофер Хемптон, р. Љупчо Ѓорѓиевски, МНТ, 2002;
  • Владиката Григориј, Поручник Симоновиќ — „Белите коњи“ од Петре Бакевски, р. Виолета Џолева, МНТ, 2003;
  • Хамлет — „Хамлет во транзиција“ од Светислав Басара, р. Сашо Миленковски, МНТ, 2004;
  • Џој Хајнс — „Сцени од животот“ од Овен мек Каферти, р. Филип ле Моан, МНТ, 2004;
  • Шестиот — „Слепци“ од Морис Метерлинк, р. Томи Јенежич, МНТ, 2005;
  • Рагби — „Болва в уво“ од Жорж Фејдо, р. Бранко Ставрев, МНТ, 2007;
  • Ричард — „Среќните денови на љубовникот“ од Семјуел Бекет и Харолд Пинтер, р. Нелко Нелковски, МНТ, 2007;
  • Лазар — „Свето срце“ од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2009;
  • Мажот — „Лет во три глави“ од Загорка Поп-Антоска Андоновска, р. Никола Ристов, МНТ, 2009;
  • Патрокло (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • „Декамерон“ од Џовани Бокачо, р. Боњо Лунгов, МНТ, 2012;
  • Новеченто — „Приказна за пијанистот на океанот – Новеченто“, МНТ, монодрама, 2013;
  • Варда Склир — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
  • Клеант — „Тартиф“ од Жан Батист Молиер, р. Галин Стоев, МНТ, 2016;
  • Трпе — „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2016;
  • Хари Брајт — „МАММА МИА!“ од Кетрин Џонсон по приказната на Џуди Крејмер, р. Наташа Поплавска, МНТ и Проспот (Словенија), 2017.

Филмографија уреди

Телевизиски серии

Наводи уреди

Надворешни врски уреди