Предлошка:Јануари 2024

24 јануари — 24-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 341 денови до крајот на годината (342 во престапна).

Настани:

41  Римскиот цар Калигула, познат по својата ексцентричност и суров деспотизам, е убиен од неговата незадоволна Преторијанска гарда.
1848  Започнува Калифорниската златна треска во Сакраменто.
1946  Со решение на Министерството за народна просвета на Македонија првата македонска граматика е одобрена за учебник во средните училишта. Нејзин автор беше професорот Круме Кепески.
1991  Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија, излезе првиот број на независниот македонски неделник „Пулс“.

Родени:

1444  Галеацо Марија Сфорца — војвода на Милано.
1712  Фридрих II Велики — крал на Прусија.
1752  Муцио Клементианглиски композитор.
1776  Ернест Теодор Хофман — германски писател, композитор, цртач, судија и професор по музика.
1799  Пјер Огистен Карон де Бомарше — француски писател.
1915  Роберт Мадервел — американски сликар.
1915  Тони Мурена — италијанско-француски џез-музичар.
1922  Ава Гарднерхоливудска глумица.
1922  Блага Алексова — македонски археолог и академик.
1923  Владо Кристл — хрватски и германски сликар и филмски режисер.
1933  Асим Ферхатовиќ — босански и југословенски фудбалер.
1934  Станислав Гроховјак — полски поет.
1941  Нил Дајмонд — американски поп-рок-музичар.
1949  Џон Белуши — американски глумец.
1957  Влатко Стефановски — македонски рок-музичар, член на групата Леб и сол.
1961  Настасја Кински — германска глумица.
1967  Џон Мјангбасист на американската прогресивна метал група „Dream Theater“.
1977  Андрија Гериќ — српски одбојкар.
1985  Миша Бартон — англиска глумица.
1987  Луис Суарес — уругвајски фудбалер.
1991  Родриго Коралес — шпански ракометен голман.
1994  Даниел Андре Танде — норвешки скокач со скии.
1998  Мартин Ерлиќ — хрватски фудбалер.

Починале:

41  Калигуларимски цар.
1920  Амедео Модиљанииталијански сликар.
1929  Васил Главинов — еден од првите организатори на социјалистичките идеи и организатор на работничкото движење во Македонија, поборник за Балканска Федерација.
1965  Винстон Черчил — британски политичар, државник и писател.
2004  Леонидас — бразилски фудбалер.
2006  Марија Мирчов - Скаловска — македонска оперска и концертна пејачка.
2017  Буч Траксамерикански блуз-музичар.
2018  Марк Е. Смит — англиски рок-музичар, член на групата „Фол“.