На почетокот на линиски систем се наоѓа музички знак што служи за точно именување на нотите. Се нарекува клуч (француски и англиски clef).[1][2] Името на клучот и неговото место на линијата во линискиот систем му го дава истото име и на нотата која се наоѓа на таа линија.

Скала C-дур напишана во виолински или G-клуч. Пушти

Името на клучот зависи од:

  1. неговиот облик
  2. местото каде е напишан во линискиот систем

Виолински или G-клуч уреди

 
Виолински или G-клуч.

Виолински клуч или G-клуч (италијански: chiave di violino, англиски: treble clef; француски: clé de sol, германски: Violinschlüssel)[1] се бележи од втората линија и на нотата му го дава името (сол во првата октава). Се користи за бележење високи тонови.

Од сите клучеви, виолинскиот клуч денес најмногу се употребува. Го користат следните музички инструменти: виолина; флејта, обоа, кларинет, саксофон, хармоника, труба, вибрафон, ксилофон, мандолина, блок-флејта, гитара; десната рака на клавир и харфа; дел од ударни инструменти.

Виолинскиот клуч се користи и за вокалните гласови: сопран, мецосопран, алт, контраалт и тенор. Тенорот звучи за октава пониско од напишаното, а често се пишува со употреба на октав клуч.

  Понекогаш над или под клучот го пишува бројот 8 или 8va. Тоа значи дека целата делница треба да се транспонира за октава нагоре - ако бројот е над клучот; за октава надолу - ако бројот е под клучот.[3]

Пишување ноти по G-клуч уреди

Виолинскиот клуч служи за бележење ноти во обем од, на пример, е (ми во малата октава) до негде а³ (ла во третата октава) и погоре. Долниот нотен пример прикажува забележени тонови во виолински клуч во опсег од а (ла во малата октава) до (до во третата октава):

                                  

Кои клучеви се употребуваат денес уреди

Денес се користат три видови клучеви. Нивните имиња се:

  1.   G-клуч или виолински клуч
  2.   F-клуч или бас-клуч
  3. C-клучеви или вокални клучеви (сопран, алт, тенор).

Еве како изгледаат:

а)   алтовски клуч.
б)   тенорски клуч.
Бележење на иста нота c1 или до во првата октава во трите клуча:      

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди


Музичка нотација
Нотен систем предзнацитакттактица
Ноти помошни линииточкаснижувалкаповишувалкаразрешувалкапаузалигатура
Kлучеви виолинскиалтовскибас-клуч
Предлошка:Бар теорија на музиката