Википедија:Македонски дијалекти

„Македонски дијалекти“

Македонски дијалекти — проект на Споделено знаење и Википедија кој има за цел да се создадат пообемни содржини за дијалектите на македонскиот јазик, воедно подобрувајќи ги постоечките.

Предвидено е добивање и создавање на поголем број аудиоснимки од разни дијалекти кои би оделе на самите страници, илустрирајќи го дадениот дијалект.

Покрај стручните содржини, би сакале да ги обработиме и биографиите на значајните дејци од областа на македонската дијалектологија, како сегашни така и оние кои се истакнале во минатото, и чие дело оставило белег врз денешните поколенија. Ова би се однесувало и на нивните претходници во таа дејност, било да се живи или веќе починати, за запаметени во историјата поради нивниот придонес за дијалектологијата.

Снимки на дијалекти уреди

Ова е список на звучни снимки преземени од Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ. Секоја од нив треба да се најде во статија за дијалектот што го претставува, како и во статија за населеното место кајшто е направена.

Снимки на македонски дијалекти
Наречје Дијалект Населено

место

Област Крај Снимка Ставено во статии?
Западно

(централни)

скопско-велешки Бардовци Скопско Поле Скопско  Д
скопско-велешки Шишево Скопско Поле Скопско  Д
прилепско-битолски Битола Пелагонија Битолско  Д
прилепско-битолски Тополчани Пелагонија Прилепско  Д
Западно

(периферни)

охридски Охрид Охридско Охридско  Д
охридски Трпејца Охридско Охридско  Д
дримколско-голобрдски Луково Дримкол Струшко  Д
вевчанско-радошки Мали Влај Јабланица Струшко  Д
вевчанско-радошки Вевчани Дримкол Струшко  Д
вевчанско-радошки Вевчани Дримкол Струшко  Д
долнопреспански Нивици Мала Преспа Долна Преспа  Д
долнопреспански Шулин Мала Преспа Долна Преспа  Д
Југоисточно штипско-кочански ? Кочанско Поле Кочанско  Д
штипско-кочански Штип Штипско Штипско  Д
штипско-кочански Бучиште Осогово Пробиштипско  Д
струмички Банско Подгор Струмичко  Д
малешевско-пирински Берово Малешево Беровско  Д
малешевско-пирински Владимирово Малешево Беровско  Д
малешевско-пирински ? Малешево Малешевско  Д
солунско-воденски Цакони Меглен Воденско  Д
Северно долнополошки Челопек Долни Полог Тетовско  Д
скопскоцрногорски Бродец Црногорија Скопско  Д
кумановски Матејче Жеглигово Кумановско  Д
кривопаланечки Гиновци Славиште Кривопаланечко  Д
овчеполски Горобинци Овче Поле Светиниколско  Д

Дијалектни текстови уреди

Дигитални ресурси уреди

  • „Дигитални ресурси на македонските дијалекти“. МАНУ.
  • Аудиоматеријали од македонските дијалекти од збирката на Божидар Видоески — Фонотека на Центарот за ареална лингвистика при МАНУ
  • Карта на македонските дијалекти со текстови и аудиозаписи — Центар за ареална лингвистика при МАНУ

Надворешни врски уреди