Вадитапа - алатка за вадење плутени тапи од шишиња, најчесто вински. Обичната вадитапа се состои од метална спирала која е прицврстена на дршка. Дршката се притиска и се врти сè додека спиралата не влезе доволно длабоко во тапата, после што се повлекува вертикално нагоре за да се извади тапата од шишето. Дршката најчесто е направена од дрво, а може да има и дополнителни лостови со кои се засилува снагата која се применува на тапата.

Обична вадитапа

Видови вадитапи уреди

Крилеста вадитапа уреди

 
Крилеста вадитапа

Крилестата вадитапа има два лоста на спротивните страни на спиралата. Овие лостови потсетуваат на крила, по што го добила и името.[1]. Кога спиралата ќе навлезе доволно длабоко во тапата, потребно е само да се повлечат лостовите надолу за да се извади тапата од шишето.

Овој вид на вадитапа е измислен во 1939 година.

Келнерска вадитапа уреди

 
Келнерска вадитапа

Келнерската вадитапа може да се склопи како џебно ноже, а името го добила заради популарноста кај персоналот во рестораните и баровите. На едната страна на нејзината дршка се наоѓа потпирач кој се поставува на грлото на шишето. Келнерската вадитапа вообичаено има и ноже со кое се отстранува фолијата или капчето која ја покрива тапата на винското шише.[2]

Оваа вадитапа ја измислил Германецот Карл Винке во 1882 година.[3]

Вадитапа со шилци уреди

 
Вадитапа со шилци

Овој вид вадитапа нема спирала, туку два паралелни шилци. Шилците се ставаат меѓу тапата и грлото на шишето, со што се овозможува тапата да се извади неоштетена.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Анатомија вадичепа, Poljoprivreda.info, 12. 10. 2006.
  2. Вадичеп:Корак до мирисног вина, enterijer.ba
  3. winepros.com.au. The Oxford Companion to Wine. „corkscrew“. Архивирано од изворникот на 2009-02-27. Посетено на 2017-07-24.

Надворешни врски уреди