Битка кај Баку
Дел од Ерменско-азербејџанска војна &
Кавкаски поход
Датум 26 август 1918 – 14 септември 1918[1]
Место Баку, Азербејџан
40°27′N 49°47′E / 40.450° СГШ; 49.783° ИГД / 40.450; 49.783
Исход отоманска победа
Завојувани страни
 Османлиско Царство
Азербејџан Демократска Република Азербејџан
Руска СФСР

Обединето Кралство Велика британија


Центрокасписка диктатура
Русија Бела армија

Команданти и водачи
Османлиско Царство Нури Паша
Османлиско Царство Мурсел Бег
Руска СФСР Григориј Корганов
Сила
Османлиско Царство[1]Отоманска армија на исламот
14,000 пешадија
500 коаница
40 топови[1]
Руска СФСР 6,000 редовни

Обединето Кралство
1,000 редовни
Баку
6,000 редовни[1]
Русија600[1]
Жртви и загуби
вкупно: 2,000[1] Обединето Кралство Британска Империја
200[1]
Баку
?

Битката кај Баку (азерски: Bakı döyüşü, руски: Битва за Баку, турски: Bakü Muharebesi) — битка помеѓу Отоманското Царство и Демократска Република Азербејџан од една страна и сојузничките сили на антантата од друга страна предводени од Обединетото Кралство, Белата руска армија. Битката претставува дел од Кавкаски поход во текот на Првата светска војна и почеток на Ерменско-азербејџанската војна[2][3].

Позадина уреди

Во 1917 година рускиот кавкаски фронт се распаднал по абдикацијата на Николај II. На 9 март 1917 година бил формиран Закавскаски комитет во областите заземени од руските сили и била формирана привремена влада во која учествувале претставници на ерменскиот, грузискиот и азербејџанскиот народ. Во ноември 1917 година била формирана првата влада на Закавказјето во градот Тбилиси позната како Закавкаски комесаријат. Ова следувало по болшевичкото заземање на власта во Санкт Петербург. Во декември новата влада го поддржала мировниот договор од Ерзинџан меѓу руските и османлиските сили. Голем дел од руските војници заминале на Персиската кампања, спротивно од правилата на мировниот договор. Во 1918 година британските сили ги поканиле на ерменските да формираат своја дезизија и да се вклучат во Персиската кампања која сè уште траела[4]. На 24 февруари 1918 година комесаријатот прогласил независност на новата држава Закавкаска Демократска Федеративна Република. Според своите убедувања оваа држава била против комунистичката власт во Москва[1].

На 3 март 1918 година големиот везир Талат Паша го потпишал Брест-литовскиот договор со Руска СФСР според кој биле утврдени границите на двете земји а градовите како Батум, Карс и Адрахан биле вклучени во османлиската територија. На 14 март започнала мировна конференција во Трабзон меѓу Османлиите и делегација на Транкавкаскиот комераријат. На 30 март 1918 година, десеттиот ден од мировната конференција пристигнала вест за внатрешните конфликти и масакрот брз Азербејџанци и другите муслимани во градот Баку и соседните области околу Баку. Следните денови биле исполнети со меѓуетничка војна која во историјата е позната како Мартовски денови кој резултирал со убивање на повеќе од 12,000 муслимани од страна на болшевиците и вооружените ерменски единици[5][6][7]. Додека пред овие настани муслиманите во Азербејџан посакувале автономија во рамките на новата руска држава, по овој настан започнале да бараат независност и како најголема надеж им станала Османлиското Царство[8].

На 5 април 1918 година претставниците на Закавказјето го прифатиле Брест-литовскиот договор. Од друга страна Енвер Паша сакал земјата да ја стави под свое влијание како дел од неговите планови за понатамошни војувања кон Британска Индија. На 11 мај била отворена нова мировна конференција во Батум[9], на која турските сили барале во нивна територија да се вклучат градовите Тифлис, Александропол. По одбивањето следувале битките кај Сардарпад, Кара Килис и Абаран.

На 26 мај 1918 година Грузија објавила независност, а истото го направиле Ерменија и Азербејџан. Грузија потпишала договор со Германија за заштита од советска интервенција а во замена Германија добила една четвртина од производството на нафта во Баку[10]. Германија побарала Османлиското Царство да не започнува никакви офанзиви, но тоа било одбиено. Во мај на Персискиот фронт, силите на Нури Паша, брат на Енвер Паша во градот Тебриз ја организирале т.н. Отоманска армија на исламот која требало да се бори не само против Ерменците туку и против болшевиците[1]. Неговата армија окупирала големи делови од Азербејџан. На 4 јуни 1918 година Османлиите потпишале договор со Азербејџан за пријателство и соработка.

Конфликт уреди

Отоманската Армија на исламот броела околу 14,000 војници со 500 коњаница и 40 артилеристи. 30% од оваа армија била составена од Турци[11], додека останатиот дел биле по потекло од Азербејџан и Дагестан. Баку во тоа време бил под команда на рускиот генерал Докучаев и ерменскиот началник Аветисов, и располагале со сила од околу 6,000 војници. На 6 јуни 1918 година била издадена наредба за напад кон градот Ганја од страна на руските сили[12][13]. Азербејџан побарал османлиска поддршка согласно претходниот договор.

Во Баку советските сили ги убиле муслиманите а оние кои побегнале се населиле во Ганја. Кога била побарана руска поддршка, Јосиф Сталин не ја пуштил ветената армија која се наоѓала во Волгоград, а житото кое било собрано во Северен Кавказ за гладните жители на Баку било пренаменето исто за Волгоград[14]. По ова Шахумијан, ерменски комунист, испратил протесна нота до Ленин во кој го обвинил Сталин за стореното. Така на 27 јуни 1918 година Армијата на исламот ја поразиле Црвената армија кај Гејчај и започнала да напредува кон Баку.

На 26 јули 1918 година во Баку бил направен државен удар против болшевиците[1], а новата Централна Касписка диктатура сакала да го убие на водачот на болшевиците Степан Шахумијан, но тој успеал со околу 1,200 војници на Црвената армија да се упати кон Астрахањ, но Касписката флота му го свртила грбот. Така, до 30 јули османлиските сили биле пред градот Баку кое ги предизвикало на британските сили веднаш да испратат свои контигенти кон градот, кои пристигнале на 16 август. Битката за градот Баку започнала на 26 август. Во почетокот и покрај недостиг од артилерија британските сили успеале да пружат отпор. На 29 август започнало турското бомбардирање на градот но повторно биле одбиени од британските артилеристи. Во периодот од 1 до 13 септември Турците не нападнале, туку постојано испраќале авионски патроли над градот.

Британскиот генерал во градот, Лионел Денстервил во својот дневник запишал дека во тој период биле убиени голем број од муслиманското население во градот од страна на ерменските милитанти. Главниот турски напад започнал на 13 септември но по првичниот успех ситуацијата останала безнадежна. По ова било наредено британско евакуирање на градот, по кое конфликтот завршил со победа на Османлиите.

На 30 октомври Османлиите потпишале мировен договор во Мудрос според кој тие се повлекле од градот.

Наводи уреди

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 Missen 1984, стр. 2766–2772
  2. Yale, William (1968) Near East: A Modern History p. 247
  3. Dadyan, Khatchatur(2006) Armenians and Baku, p. 118
  4. Northcote 1922, стр. 788
  5. "New Republics in the Caucasus", The New York Times Current History, v. 11 no. 2 (March 1920), p. 492
  6. Michael Smith. "Anatomy of Rumor: Murder Scandal, the Musavat Party and Narrative of the Russian Revolution in Baku, 1917-1920", Journal of Contemporary History, Vol 36, No. 2, (April 2001), p. 228
  7. (руски) Michael Smith. "Azerbaijan and Russia: Society and State: Traumatic Loss and Azerbaijani National Memory" Архивирано на 10 март 2011 г.
  8. Swietochowski 2004, стр. 119
  9. Ezel Kural Shaw History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Page 326
  10. Lang, David Marshall (1962). A Modern History of Georgia, p. 207-8. London: Weidenfeld and Nicolson.
  11. Swietochowski, Tadeusz (1985). Russian Azerbaijan, 1905-1920: The Shaping of National Identity in a Muslim Community. Cambridge: Cambridge University Press.
  12. Firuz Kazemzadeh. Struggle For Transcaucasia (1917—1921), New York Philosophical Library, 1951
  13. Документы об истории гражданской войны в С.С.С.Р., Vol. 1, pp. 282–283.
  14. Kun, Miklós (2003). Stalin: An Unknown Portrait. Central European University Press.

Надворешни врски уреди