Битката кај Керженец

Битката кај Керженец“ (руски: Се́ча при Ке́рженце) е советски анимиран филм од 1971 во режија на Иван Иванов-Вано и Јуриј Норштејн. Филмот содржи музика на Николај Римски-Корсаков, како и руски фрески и слики од средниот век (анимирани со помош на дводимензионална стоп моушн анимација).

„Битка кај Керженец“
Насловна шпица
РежисерЈуриј Норштејн
Иван Иванов-Вано
ПродуцентСојузмултфилм
СценаристИван Иванов-Вано
МузикаРимски-Корсаков
Премиера1971 (СССР)
Времетраење10 мин 12 сек
ЗемјаСССР СССР
Јазикруски

Кратка содржина уреди

 
Сцена од битката

Приказната се заснова на легендата за невидливиот град Китеж (која исто така е дел и од опера во четири чина на Римски-Корсаков од 1907), кој исчезнал под водите на едно езеро во обид да избегне напад на Монголите (Русија се наоѓа под монголска инвазија во тек од три века за време на средниот век).

Сепак, филмот само повремено ја следи легендата, бидејќи врвната точка на истиот е битка меѓу руските војници и монголските орди, која е направена да симболизира битка меѓу две култури (на пример Богородица се јавува на почетокот на филмот, набљудувајќи ја со нежен поглед руската армија).

Награди уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди