Олденбург (германски: Oldenburg) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во градот Вилдесхаузен.

Олденбург
Landkreis Oldenburg

округ
Грб на Олденбург Landkreis Oldenburg
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
СедиштеВилдесхаузен
Површина
 • Вкупна1.063 км2 (410 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно131.467
 • Густина120/км2 (320/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.OL
Мреж. местоoldenburg-kreis.de

Округот се граничи (од исток надесно) со окрузите Дипхолц, Фехта, Клопенбург и Амерланд, слободниот град Олденбург, округот Везермарш и градот Делменхорст.

Географија уреди

Округот се наоѓа помеѓу урбаните подрачја на Олденбург и Бремен. Реката Хунте тече низ округот од југ на север.

Историја уреди

Округот Олденбург бил основан во 1933 година. До 1988 година, административното седиште било во градот Олденбург, но оттогаш главниот град на округот бил преместен во Вилдесхаузен.

Грб уреди

 
Грб

Грбот прикажува:

  • Црвени и жолти ленти од грбот на Олденбург
  • Хералдичкиот крст на грофовите од Делменхорст
  • Розите долу биле користени во грбовите на грофовите од Олденбург

Градови и општини уреди

 
Градовите и општините во округот Олденбург
Градови Слободни општини Општински заедници
  1. Вилдесхаузен
  1. Детлинген
  2. Гандеркезе
  3. Гросенкнетен
  4. Хатен
  5. Худе
  6. Варденбург
  1. Бекелн
  2. Колнраде
  3. Динзен
  4. Грос Ипенер
  5. Харпштет1
  6. Кирхзелте
  7. Принцхефте
  8. Винкелзет
1седиште на општинската заедница

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски уреди

53°00′N 8°25′E / 53.0° СГШ; 8.42° ИГД / 53.0; 8.42