Аџина Река
река во Македонија
Аџина Река — река во Западна Македонија и лева притока на Радика.
Аџина Река | |
---|---|
Аџина Река во близина на вливот во Радика | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Шар Планина |
• надм. вис. | 2.000 м |
Устие | |
• место | Радика |
• координати | 41°47′52.8″N 20°37′56.2″E / 41.798000° СГШ; 20.632278° ИГД |
• надм. вис. | 1.270 м |
Должина | 8,0 км |
Големина на сливот | 36,1 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Радика → Црн Дрим → Јадранско Море |
Течение уреди
Реката извира во југозападниот дел на Шар Планина, на надморска височина од 2.000 м. Кон крајот на своето течение, реката е премостена со макадамскиот пат од селото Бродец до караулата Стрезимир, а неколку стотина метри јужно од мостот се влева во Радика од нејзината лева страна, на надморска височина од околу 1.270 м, на местото каде што од десната страна во Радика се влева и реката Штировица.
Хидрографија уреди
Вкупната должина на реката изнесува 8,0 км, додека на сите водотеци во нејзиниот речен слив 34,9 км. Нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 36,1 км2 и истото припаѓа на Јадранскиот речен слив. Во текот на летните месеци, речното корито на реката пресушува.[1]
Галерија уреди
-
Аџина Река во лето
Поврзано уреди
Наводи уреди
- ↑ „Риболовна основа за риболовна вода „Акумулација Маврово" за период 2017-2022 година“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-09-12. Посетено на 28 ноември 2017.
Надворешни врски уреди
- Аџина Река на Ризницата ?