Ацо Тулевски
Ацо Тодоров Тулевски ( 1923 во Скопје — 1945 во Ѓаково, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис уреди
Завршил основно училиште, а потоа изучил занает. Се вработил во градот како шивач. На 15 октомври 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Храбро се борел против балистите и Германците во подножјето на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје, заминал за Косово каде учествувал во бројните акции за ликвидирање на заостанатите балистички банди. Со XV македонски корпус заминал во Војводина, каде бил распореден во минофрлачката единица. Учествувал во пробивот на Сремскиот фронт, а и во наредните борби и во битката за ослободување на Ѓаково. Храбро загинал во април 1945 година.[1]