<< октомври >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05
06 07 08 09 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31
2024

15 октомври — 288-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (289-и во престапна година). Остануваат 77 денови до крајот на годината.

Настани:

1582  Почнува да се користи грегоријанскиот календар. Во Италија, Полска, Португалија и Шпанија календарот прешол од 4 октомври на 15 октомври, т.е. биле прескокнати 10 дена.
1878  Претпријатието на Едисон за електрични светилки, денешен „Џенерал Електрик“, започнала со работа.
1894  Алфред Драјфус бил уапсен за шпионирање — започнала аферата „Драјфус“ која кулминирала со написот Обвинувам! од Емил Зола во весникот „Аврора“.
1928  Цепелинот „Граф Цепелин“ го завршил првото патување преку Атлантикот и слетал во Лејкхерст, Њу Џерси, САД.
1945  Втора светска војна: Смртната казна со стрелање била извршена над поранешниот претседател на Вишиевска Франција Пјер Лавал за предавство.
1946  Нирнбершки процес: Херман Геринг се самоубил со труење ноќта пред извршувањето на смртната казна.
1971  Иран ја прославил 2500-годишнината од основањето на Персија.
1984  Во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот на Македонците во Канада „Македонија“.
1992  Во Скопје е регистрирана Демократска партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Едроган Сарач.
1995  По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско-грчката граница.
2016  Керсти Калјулајд станува првата жена на функцијата Претседател на Естонија.

Родени:

1608  Еванџелиста Торичели — италијански физичар и математичар.
1844  Фридрих Ниче — германски филозоф.
1854  Оскар Вајлд — англиски писател.
1908  Џон Кенет Галбрајт — канадско-американски економист.
1923  Итало Калвино — италијански писател.
1929  Милорад Павиќ — српски писател.
1943  Стенли Фишер — еврејско-американски економист.
1947  Ласло Фазекаш — унгарски фудбалер.
1950  Благоја Георгиевски — македонски и југословенски кошаркар.
1952  Вахид Халилхоџиќ — босански и југословенски фудбалер и тренер.
1960  Славко Штимац — српски глумец.
1968  Дидје Дешан — француски фудбалер и тренер.
1971  Нико Ковач — хрватски фудбалер и тренер.
1972  Мирко Попов — македонски радио-водител, дикс-џокеј и музичар.
1977  Давид Трезеге — француски фудбалер.
1980  Том Бонен — белгиски велосипедист.
1986  Нолито — шпански фудбалер.
1988  Месут Езил — германски фудбалер со турско потекло.
1989  Ентони Џошуа — британски боксер, светски првак во тешка категорија.
1991  Михел Кох — германски велосипедист.

Починале:

1917  Мата Хари — германска шпионка за време на Првата светска војна, по потекло Холанѓанка.
1964  Кол Портер — американски композитор.
1989  Данило Киш — српски и југословенски писател.
2018  Пол Ален — американски претприемач, основач на „Мајкрософт“.
2022  Марин Бабиќ — македонски глумец.

Празници:

  Глобален ден на миењето раце
  САД: Ден на белиот бастун