Амброзија (митологија)

Амброзија (грчки: ἀμβροσία, ambrosia, “а“=не, “mbrotos“=смртен) е пијалак или храна што, според грчката митологија, ја користеле, боговите од Олимп.[1] Според легендите, боговите не се хранеле со обична храна што ја користеле луѓето, туку со амброзија, а наместо вино, пиеле нектар. Таквата исхрана им обезбедувала младост и бесмртност.

Храната на боговите на Олимп (1530)

Според Хомер, амброзијата на боговите им ја носеле гулаби од далечниот Запад.

Извори уреди