Али Беј (село)

поранешно село во Серско, Егејска Македонија

Али Беј или Алибејќој — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Сер во областа Централна Македонија, Грција.

Али Беј
Али Беј is located in Грција
Али Беј
Али Беј
Местоположба во областа
Али Беј во рамките на Сер (општина)
Али Беј
Местоположба на Али Беј во општината Сер и областа Централна Македонија
Координати: 41°4′N 23°33′E / 41.067° СГШ; 23.550° ИГД / 41.067; 23.550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото се наоѓало јужно од градот Сер, крај денешните села Какараска и Сал Маала.[1]

Историја уреди

Во XIX век Али Беј било мешано село во Серската каза на Серскиот Санџак.

Христијанското население на селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Али Беј имало 110 жители, од кои 60 Македонци и 50 Роми.[2][3]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 800 жители, што укажува дека во меѓувреме во селото биле населени семејства од други населби. На пописот од 1920 г. Али Беј имал само 78 жители. Во подоцнежните пописи не се спомнува, така што се смета за присоединето со градот Сер.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 245.
  2. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.