Аеродром Росток-Лаге


Аеродром Росток-Лаге (германски: Flughafen Rostock–Laage; понекогаш само Аеродром Росток) (IATA: RLGICAO: ETNL) — аеродром на Росток, најголемиот град во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија, кој е именуван по општината Лаге, која се наоѓа во округот Росток. Обезбедува летови до поголемите градови во Германија, како и некои чартери. Покрај цивилниот карактер, седиштето на Тактичкиот воздухопловен винг на Луфтвафе се наоѓа на воениот дел од аеродромот.

Аеродром Росток-Лаге

Flughafen Rostock–Laage
  • IATA: RLG
  • ICAO: ETNL
    Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Германија Мекленбург-Западна Померанија" does not existМестоположба на аеродромот во Мекленбург-Западна Померанија
Општо
Аеродромски видјавен/воен
ОператорFlughafen Rostock Laage-Güstrow GmbH
Служи заРосток, Германија
Надм. височина138 ст / 42 м
Координати53°55′06″N 12°16′42″E / 53.91833° СГШ; 12.27833° ИГД / 53.91833; 12.27833
Мрежно местоrostock-airport.de
Писта
Правец Должина Површина
ст м
10/28 8.202 2.500 асфалт

Историја уреди

Изградбата на аеродромот започнала во 1979 како објект на Националната народна армија на Источна Германија. Бил пуштен во употреба во 1984. Војската го напуштила во 1990, но повторно се вратила во 1993. Во истата година започнале и цивилните летови, кои се одвивале на 60 хектари од аеродромот.

Аеродромот се очекува да забележи загуба од 2,8 милиони во 2013 и пад на патниците од 12 проценти. Бидејќи покраинската влада не е расположена да продолжи со финансиска помош, операторот на аеродромот се соочува со можно банкротство во блиска иднина.[1]

Објекти уреди

 
Внатрешноста на аеродромот

Аеродромот се состои од една современа терминална зграда во која има продавници и ресторани. Зградата е опремена со два патнички моста. Аеродромот може да опслужи средни воздухоплови, како што е Ербас А320. Исто така може да опслужи и помали авиони.

Авиопревозници и одредишта уреди

АвиопревознициДестинации
Germania Палма де Мајорка, Тенериге Југ
летни сезонски: Анталија, Варна
зимски сезонски: Хургада
Germanwings Келн/Бон, Штутгарт
Lufthansa Regional
управуван од Lufthansa CityLine
Минхен
Tailwind Airlines чартер: Анталија

Најблиски меѓународни аеродроми се Берлин-Тегел (190 км на југ) и Хамбург (200 км на запад).

Пристап уреди

Постојат три автобуси во денот од главната железничка станица во Росток. Растојанието е 25 километри. Во близина се наоѓа автопатот А19 (Росток-Берлин).

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди