Аеродром Келн/Бон


Аеродромот Келн/Бон (Германски: Flughafen Köln/Bonn, исто така наречен Konrad-Adenauer-Flughafen или Flughafen Köln-Wahn) (IATA: CGN, ICAO: EDDK) е меѓународен аеродром сместен во природниот резерват Ванер Хајде, 15 километри југоисточно од центарот на Келн и 16 километри североисточно од центарот на Бон. По големина е 6-ти најголем аеродром, како и еден од неколкуте аеродроми кои функционираат по 24 часа дневно. Во 2007 година бројот на патници се зголеми од 9,9 милиони во 2006 година на 10,7 милиони патници во 2007 година.

Аеродром Келн/Бон

Flughafen Köln/Bonn
Општо
Аеродромски видјавен
ОператорFlughafen Köln/Bonn GmbH
Служи заКелн, Бон
МестоположбаКелн, Германија
Јазол за
Насочен град кон
Надм. височина302 ст / 92 м
Координати50°51′57″N 007°08′34″E / 50.86583° СГШ; 7.14278° ИГД / 50.86583; 7.14278
EDDK is located in Северна Рајна-Вестфалија
EDDK
EDDK
Местоположба на аеродромот
Мрежно местоcologne-bonn-airport.com
Писта
Правец Должина Површина
м ст
06/24 2,459 8 бетон/асфалт
14L/32R 3,815 13 асфалт
14R/32L 1,863 6 бетон/асфалт
Статистика (2019)
Патница12,354,398
Промена на патници 18-19−4,5%
Операции на воздухоплови142,500
Промена на движења 18-19−1,2%
Извори: Passenger Traffic, ADV[3]

Историја уреди

Во 1913 година полета првиот авион од локацијата каде што сега е сместен аеродромот. По втората светска војна, Британската војска го презема и го модернизира аеродромот. Писта долго 1,886 метри е изградена, и во 1951 година, аеродромот е отворен за цивилен сообраќај. Во текот на 50-тите и 60-тите години, уште две нови писти се изградени како и нова терминална зграда. На 1 ноември 1970 година првиот Боинг 747 полетува кон Њујорк за првпат од аеродромот Келн/Бон. Во 1986 година, аеродромот беше избран од страна на United Parcel Service (UPS) за нивна централа во Европа. Во доцните 90-ти години, аеродромот започна со план за експанзија. Неколку нови паркинзи и втор терминал беше изграден, и во 2004 година нова меѓуградска железничка станица (Железничка станица "Аеродром Келн/Бон") беше изградена, и беше пуштена нова железничка линија InterCity Express (ICE) Келн - Франкфурт. Меѓу новите одредишта кои беа воведени во 2006 година е и дневна трансатлантска линија помеѓу Келн и Њуарк од страна на Continental Airlines, која оперира со авион од типот Боинг 757 - 200. Линијата ќе биде прекината на 4 септември 2008 година, поради слаб интерес кај патниците.

 
Авиони на паркингот на аеродромот

Нискобуџетни превозници уреди

Во коинциденција со почетокот на неколку нискобуџетни авиопревозници во Германија, аеродромот Келн/Бон го прошири својот капацитет. Ова му овозможи на аеродромот да нуди компетитивни цени за ниско - буџетните авиопревозници. Germanwings и TUIfly започнаа операции од Келн/Бон како нивна централа во 2002 година. На нив им се придружи EasyJet во 2003 година како и WizzAir во Јуни 2006 година. Како резултат, бројот на патници во 2003 година се зголеми за 43% во споредба со 2002 година.

 
Авион на German Wings на аеродромот

Превозници и одредишта уреди

Терминал 1 уреди

 
Авион на Луфтханза пред слетување на аеродромот

Терминал 2 уреди

 
Поглед на паркингот на аеродромот
 
Поглед од воздух
 
Авион на German Wings се подготвува за заминување кон Скопје

Наводи уреди

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име cgnfedexhub.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име cgnupshub.
  3. https://www.adv.aero/wp-content/uploads/2019/03/12.2018-ADV-Monatsstatistik.pdf