Џиро д’Италија 2016

издание 2016 на велосипедската трка Џиро д’Италија

Џиро д’Италија 2016 (позната и како Трка околу Италија 2016) — 99. издание на Џиро д’Италија, една од трите големи трки во велосипедизмот. Трката ќе започне во Апелдорн на 6 мај со поединечен хронометар во должина од 9,8 км и ќе продолжи со уште две етапи во Холандија, обете помеѓу Најмеген и Арнем. Потоа, по еден ден за одмор, следуваат уште 18 етапи до завршницата на 29 мај. Овие етапи главно ќе бидат возени во Италија, иако две етапи делумно ќе преминат на територија на Франција.[1]

Џиро д’Италија 2016
Детали за трката
Издание99. Џиро д’Италија
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2016 2.UWT
Етапи21
Датуми6 – 29 мај
Растојание3.463,1 км
ДржавиITA Италија
NED Холандија
FRA Франција
GER Германија
ПоаѓалиштеАпелдорн
ОдредиштеТорино
Екипи22
Возачи на почеток198
Возачи на крај154
Просечна брзина40,014 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникITA Винченцо Нибали (Астана)
ВторопласиранCOL Естебан Чавес (Орика-ГринЕЏ)
ТретопласиранESP Алехандро Валверде (Мовистар)
БодовенITA Џакомо Ницоло (Трек-Сегафредо)
ПланинскиESP Микел Ниеве (Тим Скај)
СпринтерскиITA Даниел Ос (БМЦ Рејсинг Тим)
МладинскиLUX Боб Јунгелс (Етикс-Квик Степ)
BreakawayITA Даниел Ос (БМЦ Рејсинг Тим)
ЕкипенKAZ Астана
Team pointsBEL Етикс-Квик Степ
◀20152017▶
Документација

Екипи уреди

Сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат своја екипа.[2] Првата специјална покана била доделена на крајот на сезоната 2015 на екипата Вилиер Триестина-Саутист. Додека возеле како Саутист Про Сајклинг, ја освоиле сезонската серија „Копа Италија“ (Coppa Italia); победниците на серијата автоматски добиваат покана на идното издание на Џиро д’Италија.[3] Две од преостанатите три специјални покани биле доделени на италијански екипи (Бардијани-ЦСФ и Нипо-Вини Фантини); преостанатата покана била доделена на руската екипа Гаспром-РусВело.[4] Со тоа имало 22 екипи на Џиро, секоја од нив составена од девет возачи; со што главната група била составена од 198 возачи на почетокот на трката.[5]

Екипи во Светската турнеја

Професионални континентални екипи

Фаворити пред трката уреди

Фаворити пред трката биле Винченцо Нибали, Микел Ланда, Алехандро Валверде, Илнур Закарин, Ригоберто Уран, Рафал Мајка, Том Димулен, Доменико Поцовиво и Јакоб Фуглсанг.[6][7][8]

Рута и етапи уреди

 
Лозјата во областа Кјанти, средиште на поединечниот хронометар на деветтата етапа во должина од 40,4 км

Информациите за почетокот на Џиро биле претставени на 26 јуни 2015 година. Било потврдено дека Холандија ќе го има својот трет „голем почеток“ (Grande Partenza) на Џиро, претходно домаќин на изданијата во 2002 и во 2010 година. Етапите во Холандија ќе вклучуваат поединечен хронометар на воведниот ден, по што следеле две друмски етапи подобни за спринтери; за да изврши долгиот трансфер ќе има ден за одмор по третатат етапа.[9] Деветтата етапа била најавена на конференција за печатот во Лондон на 7 септември 2015 година[10], а тринаесеттата етапа била потврдена на конференција за печатот на 21 септември 2015 година.[11] Остатокот од рутата за Џиро д’Италија 2016 била претставена од директорот на трката Мауро Вењи на 5 октомври 2015 година.[12] По три етапи во Холандија, трката се преместила на Калабрија, на југот од Италија. Рутата главно ги носела кон север, често преминувајќи низ Апенините, со етапи во планините во Фурланија и Доломитите кои дошле подоцна на трката. Завршниот и најтежок дел од Џиро дошол завршната недела, со етапи на Алпите.[13]

По низа умерено ридски етапи, првата етапа со завршница на нагорнина дошла на крајот на шестата етапа.[14] Потоа следеле уште две ридски етапи, втората вклучувала земјено искачување во завршните 25 километри.[12] Деветтата етапа се очекувала да биде најважна за одлучувањето на крајниот победник на трката: поединечен хронометар од 40,4 километри низ областа Кјанти. Вториот ден за одмор следел по хронометарот.[15] По денот за одмор, десеттата етапа повторно завршувала на нагорнина — иако било искачување од трета категорија — кое доаѓало на крајот на многу ридестата втора половина од етапата.[12] По две релатино рамни етапи, трката повторно навлегувала во планините кон крајот на втората етапа, каде тешката тринаесетта етапа завршувала на две искачувања пред завршница во Чивидале дел Фриули. Втората недела се одвивала на Доломитети: четиринаесеттата етапа имала шест големи искачувања, додека петнаесеттата етапа била планински хронометар од 10,8 километри до Зајзер Алм. По завршниот ден за одмор, третата недела на Џиро започнала со ридска етапа, која вклучувала искачување во завршните 5 километри, а подоцна следела две релативно рамни етапи.[12][13] Етапите 19 и 20 повторно ги носеле возачите во високите планини: деветнаесетттата етапа завршувала на искачување долго 12,8 километри на Ризул во Франција,[16] а подоцна дваесеттата етапа вклучувала три искачувања од прва категорија и завршувала на нагорнина.[17] Завршната етапа имала спринтерски круг околу Торино.[15]

По почетокот во Холандија, три етапи ја напуштале Италија: две од нив ја посетувале Франција (деветнаесеттата етапа завршувала во Ризул, а дваесеттата етапа започнувала во Гијестр), додека осумнаесеттата етапа започнувала во Швајцарија.[13] Споредено со претходното издание, трката била пократка за 98,8 километри, содржела еден ден за одмор повеќе, како и два хронометри повеќе. Немало екипен хронометар.[18][19]

ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)ПобедникCевкупен лидер
1  6 мај  Апелдорн  Апелдорн
 
индивидуален хронометар
9,8  Том Димулен    Том Димулен  
2  7 мај  Арнем  Најмеген
 
рамна етапа
190  Марсел Кител    Том Димулен  
3  8 мај  Најмеген –   Арнем
 
рамна етапа
190  Марсел Кител    Марсел Кител  
4  10 мајКатанѕаро – Праја а Маре
 
среднопланинска етапа
200  Диего Улиси    Том Димулен  
5  11 мајПраја а Маре – Беневенто
 
ридеста етапа
233  Андре Грајпел    Том Димулен  
6  12 мајПонте – Рокаразо
 
среднопланинска етапа
157  Тим Веленс    Том Димулен  
7  13 мајСулмона – Фолињо
 
рамна етапа
211  Андре Грајпел    Том Димулен  
8  14 мајФолињо – Арецо
 
среднопланинска етапа
186  Џанлука Брамбила    Џанлука Брамбила  
9  15 мајРада ин Кјанти – Греве ин Кјанти
 
индивидуален хронометар
40,5  Примож Роглич    Џанлука Брамбила  
10  17 мајКампи Бизенцио – Сестола
 
среднопланинска етапа
219  Џулио Чиконе    Боб Јунгелс  
11  18 мајМодена – Азоло
 
ридеста етапа
227  Диего Улиси    Боб Јунгелс  
12  19 мајНоале – Бибионе
 
рамна етапа
182  Андре Грајпел    Боб Јунгелс  
13  20 мајПалманова – Чедад
 
среднопланинска етапа
170  Микел Ниеве    Андреј Амадор  
14  21 мајФара д’Алпаго – Корвара
 
планинска етапа
210  Естебан Чавес    Стевен Краусвајк  
15  22 мајКастелрут – Зајзер Алм
 
10,8  Александар Фолифоров    Стевен Краусвајк  
16  24 мајБриксен – Андало
 
планинска етапа
132  Алехандро Валверде    Стевен Краусвајк  
17  25 мајМолвено – Касано д’Ада
 
рамна етапа
196  Роџер Клуге    Стевен Краусвајк  
18  26 мајМуџо – Пинероло
 
среднопланинска етапа
244  Матео Трентин    Стевен Краусвајк  
19  27 мајПинероло –   Ризул
 
планинска етапа
162  Винченцо Нибали    Естебан Чавес  
20  28 мај  Гијестр – Винадио
 
планинска етапа
134  Реин Тарамае    Винченцо Нибали  
21  29 мајКунео – Торино
 
рамна етапа
163  Никијас Арнт    Винченцо Нибали  

Преглед на трката уреди

 
Том Димулен Џајант-Алпецин ја освоил првата етапа на трката и станал прв предводник.

Трката започнала со поединечен хронометар во Апелдорн. Фабијан Канчелара бил фаворит, целејќи да стане предводник на Џиро по првпат во својата кариера, но стомачните проблеми го оставиле на осмото место на етапата. Наместо тоа, домашниот возач Том Димулен дошол до победа, иако имал исто време како второпласираниот Примож Роглич, додека костариканскиот возач, Андреј Амадор, завршил трет, шест секунди зад него.[20] На крај, Холанѓанецот ја облекол првата розова маичка на трката. Следните две етапи во Холандија, се одржале помеѓу Најмеген и Арнем, биле освоени од Марсел Кител. Губејќи 11 секунди на воведниот хронометар, двата временски бонуси од 10 секунди му ја донеле розовата маичка на Германецот по третата етапа.

 
Марсел Кител освоил две етапи и бил предводник на трката на еден ден.

По еден ден одмор, трката се вратила на југот на Италија, со ридски етапи. Диего Улиси ја освоил етапата, по напад на искачување од трета категорија. Кител отпаднал на истото искачување и заедно со второто место на Димулен, значело дека Холанѓанецот ја повраќа розовата маичка. Петтата етапа била рамна и била освоена од Андре Грајпел. Меѓутоа, шестата етапа била сметана за важна — била прва завршница на нагорнина на Џиро, во Рокаразо. Била освоена од Тим Веленс, кој се приклучил на успешно бегство на етапата. Помеѓу кандидатите за генерален пласман, Димулен стекнал десет секунди пред неговите соперници и си ја зачувал розовата маичка. Винченцо Нибали изгубил време, поради лоша тактика на екипата. Грајпел ја освоил седмата етапа, трета последователна победа на Лото-Судал.

Осмата етапа вклучувала земјено искачување. Џанлука Брамбила ја освоил етапата во Арецо, меѓутоа зад него, започнала Битката за генералниот пласман. Димулен отпаднал и изгубил една минута. Предноста на Брамбила била доволна за освојување на розовата маичка, прв Италијанец кој ја облекол во текот на Џиро 2016. Следната етапа била освоена од Роглич; негова прва победа на големите трки. За време на етапата врнело дожд, поради што имало влијание на генералниот пласман. Боб Јунгелс се поместил зад Брамбила, но не успеал да ја преземе маичката, благодарение на разликата од една секунда. Микел Ланда, исто така, се поместил во генералниот пласман, меѓутоа се повлекол во текот на наредниот ден. Десеттата етапа завршувала на нагорнина и била освоена од Џулио Чиконе. Ланда закрепнал по треската минатиот ден, додека Брамбила ја жртвувал розовата маичка за помош за неговиот колега, Јунгелс, кој ја зел розовата маичка на крајот на денот. Единаесеттата етапа била прилично рамна етапа, но при крајот имала искачување од четврта категорија, каде се очекувале напади. Димулен, кој страдал од седлото, ја напуштил Џиро, додека Амадор ги нападнал фаворитите на 13 километри пред целта. Носителот на розовата маичка, Јунгелс, го следел неговиот потег, додека Улиси ги стигнал на спустот. Тројката работела заедно да остане напред, а на целта Улиси ја освоил етапата, додека Јунгелс го зголемил своето водство. Следната етапа била рамна, при што Грајпел стигнал до својата трета победа. Грајпел, заедно со некои спринтери, се повлекол од трката по оваа етапа.

Следните неколку етапи пред третиот ден за одмор се очекувало да бидат клучни во врска со генералниот пласман. Тринаесеттата етапа била освоена од Микел Ниеве од Тим Скај, додека Јунгелс отпаднал на последното искачување. Амадор, исто така, кратко отпаднал на искачувањето, пред да се врати на спустот, преземајќи ја розовата маичка, откако Јунгелс изгубил 50 секунди. Четиринаесеттата етапа била кралска етапа на трката, која вклучувала шест категоризирани искачувања пред спустот до Корвара. Естебан Чавес ја освоил етапата, откако ги претекнал Стевен Краусвајк, кој ја освоил розовата маичка, и Георг Прајдлер. Нибали ја разгорел борбата за генералниот пласман на последното искачување до Валпарола, напаѓајќи на 27 километри до целта. Негодиот напад не го следеле Амадор и Алехандро Валверде, кои изгубиле три минути на етапата. Краусвајк нападнал близу врвот, со Чавес, откако отпаднал Нибали, единствениот возач кој се држел до нив. Нибали изгубил повеќе од половина минута по етапата. На петнаесеттата етапа бил третиот поединечен хронометар на трката, кој вклучувал искачување до Алпе ди Сиузи. Александар Фолифоров ги изненадил фаворитите за генералниот пласман со победа на етапата, тесно победувајќи го Краусвајк. Краусвајк го зголемил своето водство за повеќе од две минути пред второпласираниот Чавес, додека Нибали имал механички проблеми на искачувањето, при што изгубил повеќе од две минути. Шеснаесеттата етапа била кратка етапа, на која победил Валверде, кој го претекнал Краусвајк на целта. Краусвајк го зголемил своето водство во генералниот пласман до три минути, откако Чавес изгубил 42 секунди, додека Нибали отпаднал на последното искачувањето. Изгубил скоро две минути и паднал на четвртото место во генералниот пласман, доцнејќи скоро пет минути. Седумнаесеттата етапа била рамна, каде Роџер Клуге од ИАМ Сајклинг ја освоил откако ги изненадил преостанатите спринтери со напад во последниот километар. Победата се случила два дена откако неговата екипа објавила дека се распаѓа на крајот на сезоната.

Осумнаесеттата етапа била уште една рамна етапа, но вклучувала при крајот едно искачување од втора категорија и едно некатегоризирано искачување. Матео Трентин победил од бегство, додека кандидатите за генералниот пласман завршиле 14 минути зад него. Деветнаесеттата етапа била прва во високите планини, со Чима Копи, Кол д’Ањел и завршница во Ризул во Франција. Микеле Скарпони го освоил Чима Копи, додека Валверде, Илнур Закарин и Рафал Мајка отпаднале. На спустот, обајцата, Краусвајк и Закарин, паднале, при што Закарин ја скршил клучната коска и го изместил рамото, поради што ја напуштил трката. Денот се покажал како откровение за Нибали, при што ја освоил етапата откако Чавес отпаднал на искачувањето до Ризул. Во меѓувреме, Краусвајк ја поминал целта скоро пет минути зад Нибали и четири минути зад Чавес. Чавес ја освоил розовата маичка со 44 секунди предност пред Нибали, додека Краусвајк, кој подоцна дознал дека има скршено ребро, паднал на третото место со минута и пет секунди зад нив. Дваесеттата етапа била завршна одлучувачка етапа во поглед на генералниот пласман, со три искачувања од прва категорија и стрмно искачување од трета категорија за завршница во Сант’Ана ди Винадио.

Поредок уреди

На Џиро д’Италија 2016 се доделувале четири различни маички. Во генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси (10, 6 и 4 секунди соодветно) за првите тројца велосипедисти на етапите, предводникот ја добива розовата маичка. Овој пласман се смета за најважен на Џиро д’Италија 2016 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.[21][22]

Дополнително, постои и бодовен пласман, кој се наградува со црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите петнаесет места на етапите. Рамните етапи носат повеќе бодови од планинските етапи, означувајќи дека овој пласман ќе биде во корист на спринтерите. Дополнително, бодови може да се освојуваат и на средните спринтови.[21][22]

Постои и планински пласман каде се доделува сината маичка. Во планинскиот пласман, бодовите се добиваат доколку велосипедистите се искачат на врвот на некое искачување пред другите велосипедисти. Секое искачување е категоризирано како прва, втора, трета и четврта категорија, каде за повисоките категории постојат повеќе бодови. На „Чима Копи“, највисоката точка на трката, се доделуваат уште повеќе бодови отколку на оние искачувања од прва категорија.[21] Со 2.744 метри, „Чима Копи“ за 2015 година ќе биде врвот Кол Ањел.[23]

Четвртата маичка го претставува пласманот за млад возач каде се доделува бела маичка. Овој пласман се смета на истиот начин како генералниот, но тука влегуваат во игра само возачите родени по или на 1 јануари 1991 година.[21]

Постојат два пласмани за екипите. Во пласманот Трофеј Брза екипа се сметаат времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа; водечката екипа е екипата со најниско вкупно време. Пласманот Трофеј Супер екипа претставува екипен бодовен пласман, каде најдобрите 20 возачи на секоја етапа заработуваат бодови (20 за првото место, 19 за второто, 18 за третото итн., сè до еден бод за 20. место) за нивната екипа.[21]

Водството на трката по етапа
Етапа Победник Генерален пласман
 
Бодовен пласман
 
Планински пласман
 
Пласман за млад возач
 
Трофеј Брза екипа Трофеј Супер екипа
1 Том Димулен Том Димулен Том Димулен недоделена Тобијас Лудвигсон Џајант-Алпецин Џајант-Алпецин
2 Марсел Кител Марсел Кител Омар Фраиле
3 Марсел Кител Марсел Кител Мартен Тјалинги Етикс-Квик Степ
4 Диего Улиси Том Димулен Дамијано Кунего Боб Јунгелс Астана
5 Андре Грајпел
6 Тим Веленс
7 Андре Грајпел Андре Грајпел Тим Веленс Лото-Судал
8 Џанлука Брамбила Џанлука Брамбила Етикс-Квик Степ Етикс-Квик Степ
9 Примож Роглич
10 Џулио Чиконе Боб Јунгелс Дамијано Кунего Мовистар Тим
11 Диего Улиси
12 Андре Грајпел
13 Микел Ниеве Андреј Амадор Џакомо Ницоло
14 Естебан Чавес Стевен Краусвајк Астана
15 Александар Фолифоров Лото НЛ-Џамбо
16 Алехандро Валверде
17 Роџер Клуге
18 Матео Трентин Етикс-Квик Степ
19 Винченцо Нибали Естебан Чавес
20 Реин Тарамае Винченцо Нибали Микел Ниеве
21 Никијас Арнт
На крај Винченцо Нибали Џакомо Ницоло Микел Ниеве Боб Јунгелс Астана Етикс-Квик Степ
Забелешки
  • На втората етапа, Примож Роглич, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел црвената маичка, бидејќи Том Димулен (на првото место) ја носел розовата маичка, како предводник на генералниот пласман.
  • На четвртата етапа, Елија Вивијани, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел црвената маичка, бидејќи Марсел Кител (на првото место) ја носел розовата маичка, како предводник на генералниот пласман, а Мартен Тјалинги (на второто место) ја носел сината маичка, како предводник на планинскиот пласман.
  • На етапите 11-13, Давиде Формоло, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Боб Јунгелс (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман.
  • На тринаесеттата етапа, Џакомо Ницоло, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел црвената маичка, бидејќи Андре Грајпел (на првото место) не ја започнал етапата.

Пласмани уреди

Легенда
  Го означува предводникот на генералниот пласман   Го означува предводникот на планинскиот пласман
  Го означува предводникот на бодовниот пласман   Го означува предводникот на пласманот за млад возач

Трофеј Брза екипа уреди

Екипа Време
1 Астана 260ч 02' 35"
2 Канондејл-Драпак + 6' 57"
3 Мовистар Тим + 21' 00"
4 Аг2р-Ла Мондијал + 53' 52"
5 Тим Скај + 1ч 04' 21"
6 Етикс-Квик Степ + 1ч 37' 53"
7 Тинкоф + 1ч 40' 44"
8 Катјуша + 2ч 06' 36"
9 Тим Дименжн Дата + 2ч 53' 26"
10 Лампре-Мерида + 3ч 15' 00"

Помали пласмани уреди

Биле доделувани и неколку помали пласмани. Првиот бил пласманот на средни спринтови. Секоја друмска етапа имал два спринта. Првите возачи низ средниот спринт добивале бодови; возачот со најмногу бодови на крајот на трката го освојувал пласманот. Овој пласман бил освоен од Даниел Ос (Ванти-Груп Гобер). Друг пласман, наградата за борбеност, вклучувала бодови доделувани на првите возачи на етапните завршници, на средните спринтови и на врвовите на категоризираните искачувања. Била освоена од Матео Трентин (Етикс-Квик Степ). Исто така, имало награда за бегство. За ова, бодови биле доделувани на секој возач во секое бегство помало од десет возачи, кое избегало најмалку 5 километри. Секој возач добивал бод за секој поминат километар надвор од главната група. Возачот со најмногу бодови на крајот на трката го освојувал пласманот. Бил освоен исто така од Даниел Ос (Ванти-Груп Гобер). Последен пласман бил „фер-плеј“ пласманот за секоја екипа. Екипите добивале казнени бодови за нарушување на различни правила. Тие се движеле од половина казнен бод за нарушување на предупредувањата од организаторите на трката, до 2000 бода казна, за позитивен допинг-тест. Екипата со најмалку вкупно бодови на крајот на трката го освојувала пласманот. Бил освоен од Лото НЛ-Џамбо, која не добила ниеден казнен бод на Џиро, како и 4 други екипи. Меѓутоа, од сите нив, тие имале највисоко пласиран возач во генералниот пласман.

Наводи уреди

  1. „Џиро д'Италија 2016“. La Gazetta.
  2. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  3. „News shorts: Meares aiming high for record-breaking Rio Olympics“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 13 октомври 2015. Посетено на 13 октомври 2015.
  4. „Giro d'Italia 2016 wildcard invitations announced“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 18 јануари 2016. Посетено на 3 мај 2016.
  5. „Giro d'Italia (start list)“. ProCyclingStats. Посетено на 4 мај 2016.
  6. „Giro d'Italia - Winner betting odds“. williamhill.com. Посетено на 6 мај 2016.
  7. Who Will Win The Giro?
  8. „Race Preview: Giro d'Italia 2016“. Архивирано од изворникот на 2016-05-06. Посетено на 2016-05-12.
  9. Фаранд, Стивен (26 јуни 2015). „2016 Giro d'Italia to start in the Netherlands“. Cyclingnews.com (англиски). Immediate Media Company. Посетено на 4 мај 2016.
  10. „2016 Giro d'Italia to feature rolling 40km time trial through Chianti vineyards“. Cyclingnews.com (англиски). Immediate Media Company. 7 септември 2015. Посетено на 4 мај 2016.
  11. „Giro d'Italia reveals mountainous stage 13 for 2016 route“. Cyclingnews.com (англиски). Immediate Media Company. 21 септември 2015. Посетено на 4 мај 2016.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 „Официјално откриена рутата за Џиро д'Италија 2016“. Cycling Weekly (англиски). Time Inc. UK. 5 октомври 2015. Посетено на 4 мај 2016.
  13. 13,0 13,1 13,2 Фаранд, Стивен (27 април 2016). „Giro d'Italia 2016 preview: A race of discovery“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 4 May 2016.
  14. „Preview: 2016 Giro d'Italia — Stage 6“. VeloNews (англиски). Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-05-06. Посетено на 6 мај 2016.
  15. 15,0 15,1 Кеш, Дејн. „Race Preview: Giro d'Italia 2016“. VeloNews (англиски). Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-05-06. Посетено на 6 мај 2016.
  16. „Preview: 2016 Giro d'Italia — Stage 19“. VeloNews (англиски). Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-05-06. Посетено на 6 May 2016.
  17. „Preview: 2016 Giro d'Italia — Stage 20“. VeloNews (англиски). Competitor Group, Inc. Посетено на 6 мај 2016.
  18. „Giro d'Italia (2015 stages)“. ProCyclingStats. Посетено на 4 мај 2016.
  19. „Giro d'Italia (2016 stages)“. ProCyclingStats. Посетено на 4 мај 2016.
  20. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-08-12. Посетено на 2016-05-12.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 Лора, Вајсло (13 мај 2008). „Разјаснети пласманите на Џиро д'Италија“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 август 2009.
  22. 22,0 22,1 „Giro revamps time bonus and points systems for 2014 edition“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 8 април 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 16 октомври 2015.
  23. „Giro d'Italia climbs by the numbers“. VeloNews.com. Архивирано од изворникот на 2016-05-06. Посетено на 6 мај 2016.

Надворешни врски уреди