Винченцо Нибали

италијански велосипедист

Винченцо Нибали (италијански: Vincenzo Nibali; р. 14 ноември 1984 во Месина) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лидл-Трек.[2]

Винченцо Нибали
Нибали на Тур де Франс 2015
Лични податоци
Цело имеВинченцо Нибали
ПрекарLo Squalo (Ајкулата)
Роден14 ноември 1984(1984-11-14)(39 г.)
Месина,  Италија
Висина1,80 м[1]
Маса65 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубЛидл-Трек
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Професионални клубови
2005
2006–2012
2013-2016
2017-2019
2020-
Фаса Бортоло
Ликвигас
Астана
Бахреин-Мерида
Трек-Сегафредо
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Генерален пласман (2013)
7 поединечни етапи (2010, 2011, 2013, 2016, 2017)
2 ТТТ етапи (2007, 2010)
Тур де Франс
Генерален пласман (2014)
6 поединечни етапи (2014, 2015, 2019)
Вуелта а Еспања
Генерален пласман (2010)
Комбиниран пласман (2010)
2 поединечни етапи (2010, 2017)
1 ТТТ етапа (2013)

Етапни трки

Тирено-Адријатико (2012, 2013)
Џиро дел Трентино (2008, 2013)
Трка околу Оман (2016)
Трка околу Хрватска (2017)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2014, 2015)
Џиро ди Ломбардија (2015, 2017)
Милано-Санремо (2018)
ГП Западна Франција (2006)
Тре Вали Варезине (2015)

Други

Тритико Ломбардо (2015)
Последна промена
4 април 2020

Роден близу Месинскиот Проток, прекарот на Нибали е „ајкула на протокот“[3] или едноставно „ајкула.“ [4] Неговата прва голема победа се случила на ГП Западна Франција 2006, која е еднодневна трка. Меѓутоа, експерт како што е Микеле Бартоли кажал дека Нибали е спремен за учество на етапни трки.[5] Негови најголеми победи се освојувањето на големите трки Вуелта а Еспања 2010, Џиро д’Италија 2013 и Тур де Франс 2014, правејќи го еден од шесте велосипедисти кои имаат победи на сите три големи трки во нивната кариера. Исто така има освоено две изданија на етапната трка Тирено-Адријатико.

Има одлични резултати и на класичните велосипедски трки, освојувајќи ги изданија во 2014 и 2015 на националното друмско првенство, ГП Западна Франција во 2006 година и „монументот“ во друмскиот велосипедизам: Џиро ди Ломбардија во 2015 и во 2017 година и Милано-Санремо во 2018 година. Има освоено подиуми на Лиеж-Бастоњ-Лиеж и на претходните изданија на Милано-Санремо.

Ран живот уреди

Винченцо Нибали е роден во 1984 на 14 ноември, син на Салваторе и Џована. Со цел да стане велосипедист, заминал од неговиот роден град Месина и се преселил во Тоскана, на само 16 години. Десет месеци во годината живеел во куќата на поранешниот спортски директор, Карло Франчески, во Мастромарко, близу Лампорекио, каде сè уште живее.[6][7]

Кариера уреди

Рана кариера уреди

Нибали завршил трет на Светското јуниорско хронометарско првенство во 2002 и на Светското хронометарско првенство за под 23 години во 2004 година. Станал професионалец во 2005 година со Фаса Бортоло. Во 2006 година, Нибали потпишал со Ликвигас. Истата година победил на францускиот класик ГП Западна Франција на 21 година.[8] Исто така завршил втор во генералниот пласман на трката Сетимана интернационале ди Копи е Бартали, освојувајќи ја првата етапа.[9] Во 2007, Нибали возел на Џиро д’Италија за првпат и завршил 19. во генералниот пласман. Во 2008, Нибали завршил 10. на Лиеж-Бастон-Лиеж и успеал да влезе во првите 20 на двете трки, Џиро д’Италија и Тур де Франс.

2009 уреди

 
Нибали завршил седми во генералниот пласман на Тур де Франс 2009

Во 2009 Нибали забележал победа на Џиро дел’Апенино, каде нападнал на скоро 50 километри пред целта и победил сам. Ја посветил победата на неговата баба.[10] Победа остварил и на Гран Премио Сита ди Камаиоре. Завршил шести во генералниот пласман на Трката околу Калифорнија, деветти во генералниот пласман на Вуелта ал Паис Васко и седми во генералниот пласман на Тур де Франс, неговиот најдобар пласман на Гранд Тур.

2010 уреди

 
Нибали ја носи водачката маичка на Вуелта а Еспања 2010

Нибали ја започнал 2010 со освојување на генералниот пласман на Тур де Сан Луис. Ја облекол водечката розова маичка на Џиро д’Италија 2010, откако неговата екипа Ликвигас-Доимо го освоила екипниот хронометар на етапа 4, подоцна ја освоил и етапата 14 и така завршил трет зад неговиот колега Иван Басо и Давид Аројо. Во јуни, Нибали ја освоил Трката околу Словенија. Подоцна во сезоната, Нибали го освоил Трофео Мелинда. Нибали победил на Вуелта а Еспања без притоа да освои една етапа, благодарејќи на последователно високите места на етапите, кои завршувале на врв и двата хронометри во трката.[11] Тој го наследил водството во трката, откако Игор Антон бил принуден да се повлече по несреќата на етапа 14. Ова ја одбележала неговата прва Гранд Тур победа.

2011 уреди

Нибали ја започнал 2011 со солидна форма, заземајќи го петтото место во генералниот пласман на Тирено-Адријатико. Исто така имал и солидна сезона на класиците, забележувајќи осмо место на Милано-Санремо и на Лиеж-Бастон-Лиеж. Нибали бил еден од фаворитите за Џиро д’Италија 2011, бидејќи Иван Басо не возел, давајќи му предност во Ликвигас. Завршил трет во генералниот пласман зад Алберто Контадор и Микеле Скарпони, а Нибали и Скарпони се бореле за секунди во последната недела, откако станало јасно дека јазот во времето на Контадор е преголем (На Контадор подоцна му била одземена титулата, со што Нибали станал втор).

Нибали исто така ги водел Ликвигас и на Вуелта а Еспања. На етапата 6, Ликвигас наредил бегство во близина на Кордоба, но недостигот на комуникација довело Нибали да заврши четврти, со што не успеал да освои бонус секунди. Тој се искачил на третото место по етапата 11, зад дуото од Скај, Бредли Вигинс и Крис Фрум. Следните неколку етапи, Нибали започнал да го намалува водството на Вигин со добивање временски бонуси од спринтовите. Меѓутоа на етапата 14 Нибали доживеал пад во формата, со што бил ставен надвор од борбата за подиум. Завршил седми во генералниот пласман.

2012 уреди

 
Нибали на Тур де Франс 2012

Нибали ја започнал сезоната 2012 со второ место во генералниот пласман на Трка околу Оман, една секунда зад Петер Велитс, победувајќи ја кралската етапа. Нибали го освоил генералниот пласман на Тирено-Адријатико, откако победил на етапата 5. Исто така, го освоил и бодовниот пласман. Во март, Нибали завршил трет на Милано-Санремо, неговиот прв подиум на некоја монументална трка.

На Лиеж-Бастон-Лиеж, побегнал сам, кога нападнал на искачувањето Кот де ла Рош о Фокон и ги отфрлил неговите главни соперници на 20 километри пред крајот, но бил поминат од Максим Иглински (Астана Казахстан Тим), токму во последниот километар (flamme rouge). Стигнал до целта за второто место.[12]

Нибали одбрал да го насочи своето внимание на Тур де Франс, прескокнувајќи ја Џиро д’Италија со цел подобро да се подготви. По солидната прва недела, Нибали завршил четврти на првата завршница на нагорнина на етапата 7 и се искачил на третото место во генералниот пласман, шеснаесет секунди зад водачот Бредли Вигинс и шест зад бранителот на титулата Кедел Еванс. Меѓутоа, Нибали задоцнил две минути зад Вигинс на хронометарот на етапата 9, каде бил осми, и паднал на четвртото место во генералниот пласман, зад колегата на Вигинс Крис Фрум. На етапата 10, Нибали нападнал на спустот на Кол ду Гран Коломбје и се поврзал со колегата Петер Саган, но двоецот бил достигнал од главната група предводена од Скај. Потоа Нибали го обвинил Вигинс на покажување недостиг на почит на крајот на етапата.[13] Нибали повторно нападнал на следната етапа, која завршувала на нагорнина во Ла Тусуар и добил време пред Вигинс и Фрум, но тандемот повторно стигнал до него, иако успеал да дојде до третото место откако Кедел Еванс изгубил доста време. Тој нападнал повторно на етапата 16 на Кол де Пересурд, каде само Вигинс и Фрум можеле да го следат. Го достигнале пред врвот, но Нибали повторно забрзал, но Вигинс го затворил јазот и тројцата завршиле заедно. Нибали изгубил време од Вигинс и Фрум на следната етапа, друга планинска етапа, овојпат со завршница на врв и две етапи подоцна на последниот поединечен хронометар, кој Вигинс го освоил. Нибали завршил трет, единствен возач кој завршил во рамките на 10 минути од Вигинс и Фрум.

Нибали го напуштил Ликвигас-Канондејл на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Астана на двегодишен договор од сезоната 2013.[14]. Договорот вредел три милиони евра на година.[15]

2013 уреди

Нибали ја започнал сезоната во 2013 во добра форма, завршувајќи седми на Трката околу Оман и победувајќи на Тирено-Адријатико. Ја освоил водечката маичка на трката од рамениците на Крис Фрум на шестата етапа, кога побегнал со Петер Саган и Хоаким Родригес на краткото искачување со наклон од 30%.[16] Се одржал пред Фрум на последниот хронометар. Во април победил на Џиро дел Трентино на последната етапа со завршница на нагорнина. Го преземал водството од Максим Буе, кој бил предводник на трката од втората етапа. Нибали забрзал на последното искачување од екстра категорија, одвојувајќи се од соперниците Мауро Сантамброџо и Бредли Вигинс, кои имале механички проблеми и ја освоил етапата.[17]

 
Нибали ја носи водечката розова маичка на последната етапа на Џиро д’Италија 2013

Нибали и Вигинс влегле на Џиро д’Италија како главни фаворити за победа на трката. Нибали ја освоил водечката розова маичка на осмата етапа откако завршил четврти на хронометарот, освоен од Алекс Даусет, доцнејќи само 11 секунди зад Вигинс. На десеттата етапа, првата завршница на нагорнина, Нибали завршил трет зад Ригоберто Уран и го зголемил водството пред второпласираниот Еванс на 41 секунда. Остатокот на трката бил под сериозно влијание на лошите временски услови. Нибали здобил уште повеќе време пред соперниците на етапата 14, завршувајќи на Монте Јаферау Јаферау, откако тој и Мауро Сантамброџо се одвоиле во смрзнувачки услоги, а Нибали му дозволил на Сантамброџо да ја освои етапата. Нибали ја освоил етапата 18, планински хронометар, со 58 секунди пред Самуел Санчес, со што го зголемил водството пред Еванс и Уран на преку четири минути. Следната етапа, предвидена како кралска етапа на трката, била откажана поради снегот. Етапата 20, последната планинска етапа, исто така била попречена од силен снег, која Нибали ја освоил со напад на последното искачување до Тре Чиме ди Лаваредо за победа на етапата со 17 секунди пред Фабио Дуарте, додека Уран доцнел дополнителни две секунди. Нибали исто така преминал во водство во бодовниот пласман. Нибали сигурно ја поминал последната етапа до Бреша за победа на Џиро со четири минути и 43 секунди пред Уран, негова втора победа на некоја голема трка. Меѓутоа, како Марк Кевендиш ги освоил сите средни спринтови пред освојувањето на последната етапа, Нибали завршил втор зад него во бодовниот пласман.[18] На Вуелта а Еспања, Нибали се двоумел дали да се бори за црвената маичка за да ја забележи неговата втора победа на голема трка во 2013 или да ја чува неговата енергија за Светските првенства, кои ќе се одржувале неколку недели подоцна во неговата родна земја, во Тоскана. Возел добро и ја носел црвената маичка неколку етапи, но на крајот завршил на второто место. Нибали ја носел водечката маичка повеќе отколку било кој друг Италијанец во историјата на Вуелта а Еспања.

2014 уреди

 
Нибали ја носи жолтата маичка на Тур де Франс 2014

По освојувањето на Џиро во 2013 година, Тур де Франс станал главна цел за Нибали во сезоната 2014.

Во поголемиот дел од сезоната пред Тур, Нибали покажал солидна форма, но без победи на трки и високи пласман. Исто така бил критикуван од италијанскиот печат поради разочарувачкиот настап на Критериум ду Дофине.

На 28 јуни, Нибали станал италијански првак со неговата прва победа во 2014 на националното друмско првенство (Трофео Мелинда).

Една недела и еден подоцна на 6 јули, Нибали ја обезбедил водечката жолта маичка со победа на втората етапа на Тур де Франс 2014. Продолжил да ја чува жолтата маичка до осмата етапа, при што ја загубил на деветтата етапа од Французинот Тони Галопен. Но, успеал брзо да ја врати назад, уште на десеттата етапа, откако еден од најголемите негови соперници во генералниот пласман Алберто Контадор паднал и ја напуштил трката; кон крајот на етапата, Нибали ги достигнал Хоаким Родригес и Михал Квјатковски и стигнал сам до врвот на етапата. Ја освоил етапата и се вратил во жолто на 14 јули 2014, на Денот на Бастилја.[19] Потоа, Нибали ја освоил тринаесеттата етапа во Шамрус откако ги претекнал Леополд Кениг и Рафал Мајка близу врвот. Продолжил да ја покажува својата надмоќ во остатокот на трката и на осумнаесеттата етапа во Откам нападнал во подножјето на искачувањето и ја освоил етапата со разлика од над една минута во однос на второпласираниот Тибо Пино. Ова било негова четврта и последна етапна победа на трката. Завршил на одличното четврто место во завршниот хронометар. Во генералниот пласман имал предност од 7 минути и 52 секунди, најголема разлика на победа на Тур во претходните 17 години.[20]

Следна трка за Нибали била Копа Берноки, каде завршил со водечката група на 18. место, откако нападнал неколкупати на трката.[21]

2015 уреди

 
Нибали (напред) напаѓа со Наиро Кинтана (позади) на Тур де Франс 2015

Во 2015 година, Нибали како свој приоритет го поставил бранењето на титулата на Тур де Франс 2014.[22] Негов прв позначаен резултат бил 16. место на Тирено-Адријатико. Подоцна, учествувал на Амстел Голд Рејс и се вдал во бегство со доцен напад, но бил достигнат од групата и завршил на 65. место.[23] На Флеш Валон, се обидел да нападне на претпоследното искачување, но не успеал и завршил 20., само 19 секунди зад победничкото време.[24] Негов прв позначаен резултат во годината било десеттото место на Тур де Романди.[25]

Во јуни земал учество од Критериум ди Дофине, на кој завршил втор на шестата етапа и ја носел жолто-сината маичка, која ја загубил следниот ден; по трката, Нибали станал национален првак втора година по ред. Нападнал во текот на последното искачување и бил подобар од Франческо Реда и Диего Улиси.[26]

Во јули ја освоил деветнаесеттата етапа на Тур де Франс.[27] На крајот на етапата, Нибали бил обвинет од Фрум за неспортско однесување за нападот додека велосипедот на Фрум имал краток механички проблем на 58 километри пред целта.[28][29] Не е познато дали Нибали бил свесен за проблемот, бидејќи немало комуникација на Радио Тур за инцидентот (како што било подоцна изјавено од менаџерот на Астана, Александар Винокуров).[30] Снимките од телевизијата покажуваат „Нибали двапати фрла поглед преку рамо пред да забрза“.[31] Го завршил Тур на четвртото место во генералниот пласман, 8 минути и 36 секунди зад победникот, Крис Фрум.[32]

Нибали учествувал на Вуелта а Еспања, каде го делел водството на Астана со Фабио Ару, крајниот победник на Вуелта.[33][34] Меѓутоа, на втората етапа, Нибали бил зафатен во голем пад и бил приморан да вози силно за да се врати во групата. Во текот на потерата се држел за автомобилот на екипата, возен од спортскиот директор на екипата, Александер Шефер, и бил одвлечен до главната група. Обајцата, Нибали и Шефер, биле дисквалификувани од трката по етапата, а екипата била казнета.[35] Директорот на трката изјавил дека жалел за „жалното однесување“ на возачот.[36]

На есен ги освоил Тритико Ломбардо, како и Копа Берноки и Тре Вали Варезине, завршил втор на Копа Уго Агостони. Во октомври го освоил својот прв монумент, Џиро ди Ломбардија, напаѓајќи на спустот од Чивилјо, претпоследното искачување, стигнувајќи сам до победа пред Даниел Морено и Тибо Пино.

2016 уреди

 
Нибали на Џиро д’Италија 2016

Во февруари, Винченцо Нибали ја освоил кралската етапа и крајниот пласман на Трката околу Оман.[37]

Како подготовка за Џиро д’Италија, една од двете главни цели на сезоната, возел на италијанската еднодневна трка Страде Бјанке, етапната трка Тирено-Адријатико, каде завршил како шести на крај - поради откажувањето на кралската етапа - и на Милано-Санремо, каде се обидел да нападне на спустот од Поџо, но бил достигнат од групата.

Се вратил на патеките во април на Џиро дел Трентино, каде имал лоша форма и завршил далеку зад победникот Микел Ланда. Последната трка пред Џиро му била Лиеж-Бастон-Лиеж, најважната од арденските класици, завршувајќи со две минути зад победникот.

Втора година по ред го освоил Џиро, како и една етапа на трката. Победата на Џиро дошла откако се вратил, иако доцнел за другите на почетокот на трката, враќајќи ја розовата маичка на претпоследниот ден.

Главна цел на Нибали за сезоната била олимписката друмска трка. Нибали дошол до водечката шестчлена група на претпоследниот спуст на Виста Кинеза со колегата Фабио Ару, а на последното искачување се одвоил со Рафал Мајка и Серхио Енао. Меѓутоа, Нибали и Енао паднале на последниот спуст, при што Нибали се здобил со скршеница на клучната коска.[38]

2017 уреди

 
Нибали (десно) на Џиро д’Италија 2017
 
Нибали на почетокот на Милано-Санремо 2018

По четири сезони со Астана, Нибали објавил во август 2016 година дека ќе се приклучи на новосоздадената екипа Бахреин-Мерида во 2017 година.[39] По два подиума на Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања, во октомври ја освоил Џиро ди Ломбардија по вторпат, напаѓајќи го повторно Тибо Пино на спустот на Чивилјо и пристигнувајќи сам во Комо.

2018 уреди

Во март 2018 година, Нибали го освоил престижниот монумент, Милано-Санремо, станувајќи првиот Италијанец по Филипо Поцато во 2006 година, кој победил на трката.[40] Нибали нападнал на Поџо ди Санремо и успеал да се одржи пред спринтерите во завршните метри на трката за победа.[41] Две недели подоцна завршил на 24. место на Трката околу Фландрија, на која имал напад на Крујсберг, кој го поттикнал одлучувачкиот потег на Ники Терпстра.[42] Нибали се повлекол од Тур де Франс на дванаесеттата етапа, откако имал пад на качувањето на Алп д’Иез по судир со гледач.[43] Иако повреден со скршено ребро, успеал да ја заврши етапата на седмото место, 13 секунди зад етапниот победник и носител на жолтата маичка, Герајнт Томас.[44]

2019 уреди

Нибали настапил на Џиро д’Италија 2019 и ја завршил трката на второто место, зад Ричард Карапас.[45] На 4 јуни 2019 година, списанието Cycling Weekly објавиле дека Нибали потпишал за Трек-Сегафредо за сезоната 2020.[46]

Личен живот уреди

Нибали се преселил во Лугано во пролетта 2012 со неговата девојка. Се венчале на 13 октомври 2012.[47]

Нибали има помлад брат, Антонио, кој е исто така велосипедист и кој станал професионалец во 2014 година, започнувајќи да вози за екипата Маркиол-Емисферо во Италија.[48] Антонио му се приклучил на неговиот постар брат во Бахреин-Мерида за сезоната 2017.

Достигнувања уреди

2006
1. ГП Уест-Франција
2. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 1
3. Краен пласман Енеко Тур Бенелукс
2007
1. Пласман за млад возач Џиро дел Трентино
1. ГП Индустрија е Артигијанато ди Ланчијано
1. Џиро ди Тоскана
1. Трофео Сита ди Боргоманеро
2. Краен пласман Трка околу Словенија
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Бодовен пласман
2008
1.   Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Етапа 3
3. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
10. Лиеж-Бастон-Лиеж
2009
1. Џиро дел’Апенино
1. ГП Сита ди Камаиоре
6. Краен пласман Трка околу Калифорнија
7. Краен пласман Тур де Франс
9. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
2010
1.   Краен пласман Вуелта а Еспања
1.   Награда за издржливост
1.   Краен пласман Тур де Сан Луис
1. Етапа 4
1.   Краен пласман Трка околу Словенија
1. Етапа 3
1. Трофео Мелинда
3. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 4 (ТТТ)
1. Етапа 14
3. Краен пласман Вуелта а Бургос
5. Џиро ди Ломбардија
2011
2. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 16
5. Краен пласман Тирено-Адријатико
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
8. Лиеж-Бастон-Лиеж
8. Милано-Санремо
2012
1.   Краен пласман Тирено-Адријатико
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 5
1.   Краен пласман Џиро ди Паданија
1.   Планински пласман
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 4
2. Краен пласман Трка околу Оман
1. Етапа 5
2. Лиеж-Бастон-Лиеж
3. Милано-Санремо
3. Краен пласман Тур де Франс
5. Краен пласман Тур де Сан Луис
2013
1.   Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 18 (ITT)
1. Етапа 20
1.   Краен пласман Тирено-Адријатико
1.   Краен пласман Џиро дел Трентино
1.   Планински пласман
1. Етапа 4
2. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 1 (ТТТ)
3. Краен пласман Вуелта а Бургос
4. Светско друмско првенство
7. Краен пласман Трка околу Оман
7. Гран Премио дела Коста Етруски
10. Краен пласман Тур де Сан Луис
2014
1.   Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 2
1. Етапа 10
1. Етапа 13
1. Етапа 18
1.   Национално друмско првенство
5. Краен пласман Тур де Романди
7. Краен пласман Критериум ду Дофине
10. Трка околу Алмати
2015
1.   Национално друмско првенство
1. Џиро ди Ломбардија
1. Копа Берноки
1. Тре Вали Варезине
2. Копа Уго Агостони
3. Меморијал Марко Пантани
4. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 19
  Награда за борбеност на етапа 4
5. Гран Премио Индустрија е Комерчо ди Прато
9. Краен пласман Трка Абу Даби
10. Краен пласман Тур де Романди
2016
1.   Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 19
1.   Краен пласман Трка околу Оман
1. Етапа 4
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино
4. Краен пласман Трка Абу Даби
6. Краен пласман Тирено-Адријатико
  Награда за борбеност на етапа 7 на Тур де Франс
2017
1.   Краен пласман Трка околу Хрватска
1. Џиро ди Ломбардија
2. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 3
2. Џиро дел’Емилија
3. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 16
3. Тре Вали Варезине
4. Краен пласман Џиро ди Тоскана
5. Светска турнеја
8. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
9. Краен пласман Трка околу Полска
2018
1. Милано-Санремо
2. Џиро ди Ломбардија
8. Џиро дел’Емилија
8. Хроно де Насионс
2019
Тур де Франс
1. Етапа 20
  Награда за борбеност на етапа 20
2. Краен пласман Џиро д’Италија
3. Краен пласман Трка на Алпите
5. Гран Премио ди Лугано
8. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
8. Милано-Санремо
2020
3. Класик Ла Дром
4. Краен пласман Париз-Ница

Распоред на резултатите уреди

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
  Џиро 19 11 3 2 1 1 3 2
  Тур 20 6 3 1 4 30 СО 39
  Вуелта 1 7 2 ДСК 2 59
Распоред на резултатите на поголемите етапни трки
Трка 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
  Париз-Ница 66 21 4
  Тирено-Адријатико 17 10 8 5 1 1 16 6 26 11 15
  Волта а Каталуња 56
  Трка околу Баскија 92 9 СО
  Тур де Романди 5 10
  Критериум ди Дофине СО 28 7 12
  Тур де Свис СО

Распоред на резултатите на монументите уреди

Монумент 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Милано-Санремо 69 49 28 8 3 СО 44 45 33 1 8
Трка околу Фландрија 24
Париз-Рубе не настапил во текот на кариерата
Лиеж-Бастон-Лиеж 112 ДСК 71 10 39 27 8 2 23 30 13 51 32 8
Џиро ди Ломбардија 79 СО 34 37 5 40 26 СО 1 1 2

СО = се откажал; — = не учествувал; ДСК = дисквалификуван

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Bahrain Merida Pro Cycling Team - Vincenzo Nibali“. Архивирано од изворникот на 2017-06-07. Посетено на 11 јули 2019.
  2. „Trek-Segafredo announce complete 2020 men's roster“. Cyclingnews.com. Future plc. 9 ноември 2019. Посетено на 3 јануари 2020.
  3. „32. Џиро дел Трентоно, Етапа 3 – 24 април: Тори дел Бенако - Фолгарија, 173 км“. Cyclingnews.com. 24 април 2008. Посетено на 18 септември 2010.
  4. „Дневна група: 10-ти Копи & Бартали – Етапа 3“. dailypeloton.com. 27 март 2008. Архивирано од изворникот на 2011-07-08. Посетено на 18 септември 2010.
  5. „Бартоли се задржува на класици“. Cyclingnews.com. 18 март 2009. Посетено на 18 септември 2010.
  6. „Нибали - млада сила за силен Ликвигас тим“. Cyclingnews.com. 20 април 2009. Архивирано од изворникот на 2009-07-25. Посетено на 19 септември 2010.
  7. „Нибали е подготвен за тест-викендот“. cyclingnews.com. 14 мај 2010. Посетено на 19 септември 2010.
  8. Жан-Франсоа Кене (27 август 2006). „Младата пушка Нибали стана убиец“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 6 јануари 2013.
  9. „Сетимана интернационале ди Копи е Бартали 2006 (2.1)“. Bike Race Info. McGann Publishing, LLC. 25 март 2006. Посетено на 6 јануари 2013.
  10. Грегор Браун (24 јуни 209). „Nibali nails Appennino win“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 6 јануари 2013.
  11. „Вуелта а Еспања - Фарар победи на денот на Нибали“. Eurosport. 19 септември 2010. Посетено на 20 септември 2010.
  12. „Максим Иглински со победа на Лиеж-Бастон-Лиеж“. Velo News. VeloNews.com. 22 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-01-10. Посетено на 22 април 2012.
  13. http://www.nbcsports.msnbc.com/id/47998208/ns/sports/[мртва врска]
  14. „Нибали потпиша двегодишен договор со Астана“. Cycling News. Future Publishing Limited. 2 август 2012. Посетено на 2 август 2012.
  15. „Франческо Мозер вели дека Нибали и Вигинс сè уште не се прваци“. Velo Nation. Velo Nation LLC. 3 октомври 2012. Посетено на 6 јануари 2013.
  16. „Саган победи, Нибали го презема водството на трката на Тирено-Адријатико“. Cycling News. Future Publishing Limited. 11 март 2013. Посетено на 21 мај 2013.
  17. Бен Аткинс (19 април 2013). „Џиро дел Трентино: Винченцо Нибали дојде до завршната победа на стрмното искачување Сега ди Ала“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 19 април 2013.
  18. „Giro d'Italia: Vincenzo Nibali wins as Mark Cavendish takes red“. BBC. 26 мај 2013. Посетено на 29 мај 2013.
  19. „Победата на Винченцо Нибали на Тур де Франс ѝ дава надеж на Италија за бегство“. Guardian. 27 јули 2014. Посетено на 25 јули 2014.
  20. „Нибали победи на Тур де Франс“. Cycling News. 27 јули 2014. Посетено на 25 јули 2014.
  21. Емил Акселгард (16 септември 2014). „Нибали: Се чувствував добро, но четврток е голем тест“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 17 септември 2014.
  22. Џозеф Доерти (19 април 2015). „Нибали нема да вози на Џиро“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 21 април 2015.
  23. „Квјатковски победи на Амстел Голд Рејс“. Cyclingnews.com. Future plc. 20 април 2015. Посетено на 21 април 2015.
  24. „Валверде победи на Флеш Валон 2015“. Cyclingnews.com. Future plc. 22 април 2015. Посетено на 22 април 2015.
  25. Садб О’Ши (3 мај 2015). „Закарин победи на Тур де Романди“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 3 мај 2015.
  26. Акселгард, Емил (27 јуни 2015). „Се врати: Нибали ја одбрани титулата на италијанското првенство“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 27 јуни 2015.
  27. Вин, Најџел (24 јули 2015). „Винченцо Нибали ја освои етапата 19 на Тур де Франс додека Крис Фрум е под притисок“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 29 јули 2015.
  28. Вилијам Фотерингем. „Крис Фрум го критикува Винченцо Нибали за „неспортски" преземен потег“. the Guardian.
  29. „Quintana gains on Froome, Nibali wins Stage 19 of Tour de France“. Sporting News. Архивирано од изворникот на 2015-09-25. Посетено на 2015-12-15.
  30. „Tour de Farce: Froome and Nibali clash as 'fans' shame the Tour“. Eurosport.
  31. „Tour de France: Chris Froome's lead cut by Nairo Quintana“. BBC Sport. 24 јули 2015. Посетено на 24 јули 2015.
  32. „Пласмани на Тур де Франс 2015“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 29 јули 2015.
  33. „Ару подготвен да го дели водството со Нибали на Вуелта а Еспања“. Cyclingnews.com. 13 август 2015. Посетено на 23 август 2015.
  34. „Вуелта а Еспања: Италијанецот Фабио Ару ја освои првата титула на Гранд Тур“. BBC Ѕport. 13 септември 2015.
  35. „Нибали дисквалификуван од Вуелта а Еспања по држењето за автомобилот на екипата“. Cyclingnews.com. 23 август 2015. Посетено на 23 август 2015.
  36. „Дисквалификуваниот Винченцо Нибали покажа „жално однесување", вели шефот на Вуелта а Еспања“. Cycling Weekly. 23 август 2015.
  37. Рајан, Бери. „Tour of Oman: Vincenzo Nibali secures overall victory“. Cyclingnew. Посетено на 2 јуни 2016.
  38. https://www.theguardian.com/sport/live/2016/aug/06/rio-olympics-2016-day-one-games-live
  39. „Vincenzo Nibali confirmed to join Bahrain-Merida for 2017“. 3 август 2016.
  40. „Milano-Sanremo 2018, Vincenzo Nibali scatta sul Poggio e vince: primo italiano dopo 12 anni“ [Milan-Sanremo 2018, Vincenzo Nibali takes on the Poggio and wins: the first Italian for 12 years]. Corriere della Sera (италијански). RCS MediaGroup. 17 март 2018. Посетено на 17 март 2018.
  41. „Vincenzo Nibali wins Milan-San Remo“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 17 март 2018. Посетено на 17 март 2018.
  42. Бери, Рајан. „Vincenzo Nibali relishes 'difficult but beautiful' Tour of Flanders debut“. Cyclingnews. Immediate Media Company. Посетено на 5 април 2018.
  43. Витл, Џереми (21 јули 2018). „Tour de France: Fraile wins stage 14 as Nibali team considers action over crash“. the Guardian (англиски). Посетено на 24 јули 2018.
  44. „Vincenzo Nibali out of the Tour de France“. Cyclingnews. Immediate Media Company. Посетено на 19 јули 2018.
  45. Рајан, Бери (2 јуни 2019). „Nibali turns focus to Tour de France after Giro d'Italia podium“. cyclingnews.com. Посетено на 4 јуни 2019.
  46. Балингер, Алекс (4 јуни 2019). „Trek-Segafredo boss confirms Vincenzo Nibali signing“. Cycling Weekly. Посетено на 4 јуни 2019.
  47. „Среќен роденден Винченцо Нибали“. Velo Voices. 11 ноември 2012. Посетено на 29 мај 2013.
  48. „Антонио Нибали ќе се приклучи на континенталната екипа Маркиол“. Cyclingnews.com. 28 јануари 2015. Посетено на 20 април 2015.

Надворешни врски уреди

Награди и достигнувања
Претходник
Алекс Ѕанарди
Италијански спортист на годината
2013, 2014
Наследник
Грегорио Палтриниери
Претходник
  Усеин Болт
Спортист на годината на Газета дело Спорт
2014
Наследник
  Усеин Болт