Џамија „Мустафа Челеби“

џамија во Струга

Џамија „Мустафа Челеби“ — стара османлиска џамија во градот Струга. Му припаѓа на Струшкото муфтиство на ИВЗ и прогласена е за значајно културно наследство на Македонија.

Џамија „Мустафа Челеби“
Поглед на џамијата
Основни податоци
МестоСтруга, Македонија
Координати42°10′42.3″N 20°40′52″E / 42.178417° СГШ; 20.68111° ИГД / 42.178417; 20.68111
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиски
ЗавршенXVI – XVII век
Особености
Куполи1
Минариња1
Прогласен заСпоменик на културата

Историја уреди

Џамијата е сместена источно од градскиот плоштад и реката Црн Дрим. Се наоѓа на улицата „Вардарска“, непосредно до амамот „Мустафа Челеби“. Градена е од крајот на XVI до почетокот на XVII век. Градбата била обновена во 1985 – 1986 година.[1] и понатаму реконструирана во 2010-тите.

Архитектонски опис уреди

 
Куполата и минарето.

Храмот претставува еднопросторна куполна градба со димензии од 7,25 × 7,40 м. Куполата лежи на осумстран плиток барабан, а преодот кон него е остварен со помош на тромпи. Осветлен е со прозорски окна сместени на североисточната, југоисточната и северозападната страна во два реда — во долниот има по два прозорци, а во горнииот под еден. Прозорците од југозападната страна се затворени од турбето кое е прилепено до ѕидот однадвор. Прозорците од долниот ред биле во камени рамки, засводени со натпрозорски ниши и завршуваат со прекршен лак и затворени со мушарабии. Тие елементи се отстранети при интервенцијата во 1985 – 1986 г. Куполата изворно била покриена со олово, подоцна заменето со лим.[1]

Минарето се наоѓа од западната страна на џамијата. Од осумаголниот постамент преминува во многуаголно тело, на което при врвот се наоѓа шерефето. Оградата на шерефето е метална и под неа има профилиран украс од вертикално поставени тули во три реда.[1]

Внатрешност уреди

Внатрешноста се одликува со сите елементи својствени на класичниот период период на османлиските џамии. Михработ, кој е сместен во профилирана правоаголна рамка, е во облик на полукружна ниша која на врвот завршува со сотно поставени тули во пет реда. Десно од него има дрвен минбер со прост облик и скромни украси. По целата ширина на северозападниот ѕид е сместен махвилот — галеријата од која се влегува во минарето. Во 1985 – 1986 година тремот пред грамот е претворен двокатен и сега е во една целина со молитвениот простор. Новиот трем е со керамиден покрив на четири води. Целата внатрешност е декорирана со украси при обновата во 1980-тите.[1]

Турбе и двор уреди

 
Дел од гробиштата (долу десно на фотографијата).

До југозападниот ѕид по целата ширина е сместено турбе со осум гроба на шеици (богослови) од алветскиот ред, кој бил сместен во блиското бекташко Теќе „Халвети Хасан Баба“. Во влезот на турбето е гробот на Рифат-ефенди, а во другата просторија се гробовете на Хасан ибн Фејзулах, Кадри-ефенди, Ариф-ефенди, Феруш Ханим, Ќемал-ефенди, Саадет Ханим и Сакине Ханим. Турбето има покрив на три води со ќерамиди. Веријатно изградено е на почетокот на XVIII век.[1]

Во дворот на џамијата има голем број надгробни плочи.[1]

Санација и преизградба на помошна градба уреди

 
Преизградената помошна градба до џамијата.

Џамијата била прогласена за културно наследство по нејзиното оштетување во несреќа откако во 2012 година помошната градба била опфатена од пожар.[2] Потоа тогашниот муфтија одлучил да го урне тој дел за да прави понова градба. Уривањето е запрено по интервенција за Заводот за заштита на спомениците и силни реакции од граѓаните[3], а муфтијата бил разрешен. Помошната градба бил преизградена, а самата џамија била санирана согласно нормите за заштитени споменици.[2] Тогаш градбата добила статус на „значајно културно наследство“.[4]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Џамија Мустафа Челеби“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-07-05. Посетено на 18 август 2017.
  2. 2,0 2,1 „Џамијата "Мустафа Челеби" во Струга се санира и реконструира“. Вечер. 9 декември 2014. Архивирано од изворникот на 2022-01-22. Посетено на 23 јануари 2022.
  3. „Ќе се реконструира Мустафа Челеби џамијата во Струга“. Канал 5. 31 мај 2013. Посетено на 23 јануари 2022.
  4. План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион со Акциски план (2020-2029) (PDF). Скопје-Охрид-Струга-Дебрца. 2020. стр. 298.

Надворешни врски уреди