Шеик или шајк (арапски:شيخ; множина:شيوخ), меѓу арапските племиња, особено Бедуините, е машка глава на семејството, како и на секоја од општествените групи кои ја сочинуваат племенската структура. На шеикот обично му помага неформален племенски совет составен од постари мажи. Во рамките на пошироката заедница која зборува арапски, зборот, исто така, може да се користи како титула или форма за обраќање која означува почит или религиозен авторитет. Неговото значење може да варира од регион во регион.[1] Зборот исто така се користи и за маж кој има над 40 години.

Класична слика на шеик: Шеикот Сатам де Хададин на Палмира, од рускиот сликар Александр Јаковлев

Шеикот како тема во уметноста и во популарната култура уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2006, Книга 10, стр. 238
  2. IMDb, The Sheik (1921) (пристапено на 1.4.2020)