Љубе Лазаров Славковски ( 1923 во Кучевиште, Скопско15 април 1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Детството го поминал по планинските пасишта, чувајќи овци и кози. Со големи напори завршил основно училиште. На 9 септември 1944 година се вклучил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против балистите како и во битките против Германците во Качаничката Клисура. Потоа водел битки против балистите на Косово. На 12 април 1945 година ја продолжил битката против германските укрепени позиции во Срем. На 15 април храбро загинал, во еден јуриш за ослободувањето на Банова Japугa. Бил закопан на борбената позиција.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 129. На |first= му недостасува |last= (help)