Јонас Ларс Бјоркман (23 март 1972) — поранешен шведски професионален тенисер. Тој е поранешен светски бр. 1 во двојки - парови, а исто така поранешен светски бр.4 во поединечна конкуренција. Бјоркман се повлекол од професионалниот тенис откако се натпреварувал на првенството во двојки на тенискиот Мастерс куп во 2008 година. Почнувајќи од 2019 година, тој е рангиран во првите 40 на сите времиња на листата на заработка на АТП со над 14,5 милиони долари.[1]

Јонас Бјоркман на УС Опен во 2008 година

На 20 ноември 2006 година, тој го заменил Дик Норман како најстар играч во топ 100 на АТП (поединечна конкуренција) кога Норман за последен пат испаднал од топ 100. На 9 јуни 2008 година, на возраст од 36 години и 2 месеци, Бјоркман бил на листата, но набрзо бил истиснат од Фабрис Санторо.

Бјоркман има долгорочни успешни партнерства во двојки (парови) со Јан Апел, Жако Елтинг, Никлас Култи, Макс Мирни, Патрик Рафтер, Кевин Улиет и Тод Вудбриџ. Тој има освоено во својата кариера вкупно 9 Грен слем турнири.

Биографија уреди

Синот на тенискиот тренер и поштар Ларс Бјоркман, Јонас почнал да игра тенис на шестгодишна возраст.[2] На 18 години, тој го освоил шведското јуниорско првенство[2] и бил меѓу топ 5 шведски јуниорски играчи.[2] Тој се оженил со Петра на 2 декември 2000 година во Стокхолм, и заедно го имаат синот Макс (роден на 15 јануари 2003 година).[2]

Тој игра тенис со десна рака и има особено добри резултати против играчите кои играат со левата рака. Јонас тврди дека тоа е затоа што неговиот татко игра со лева рака и му служи како спаринг-партнер за вежбање.

Кариера уреди

Тој станал професионалец во 1991 година. Во 1993 година, освоил три титули во поединечна конкуренција на Челинџер турнирите. Во 1994 година освоил седум титули во двојки, вклучувајќи го и Светското првенство на АТП турнирот во Џакарта (Индонезиоја). Во 1995 година, успеал да стигне до своето прво АТП финале во кариерата во Хонгконг. Во 1997 година, Бјоркман станал деветтиот шведски тенисер кој завршил во топ 10 на АТП и тоа на местото број 4. Таа година се пласирал во своето прво Гренд слем полуфинале и тоа на УС Опен, победувајќи ги Франциско Клавет, Тод Мартин, Густаво Куертен, Скот Дрејпер и во четврт-финалето Петр Корда пред да загуби од Грег Руседски. На Австралија Опен во 1998 година, ја освоил својата прва Грен слем титула во двојки во кариерата. Во 2000 година тој завршил во топ 50 во поединечна конкуренција и тоа по петти пат во последните седум години.

Во својата АТП кариера, Јонас освоил шест титули во поединечна конкуренција и 54 титули во двојки, од кои дури девет биле со Грен слем тежина.

Бјоркман го имал својот прв настап во Дејвис купот во 1994 година и оттогаш играл редовно за својата Шведска. Тој има постигнато рекорд во настапите од Дејвис купот од 21 настап и 14 победи во двојки и рекорд од 14 настапи и 9 победи во поединечна конкуренција. Тој бил член на шведските шампионски тимови во Дејвис купот во 1994, 1997 и 1998 година.

Во 2002 година, Бјоркман го освоил Нотингем Опен победувајќи го Вејн Артурс во финалето, меѓутоа, на Вимблдон, тој налетал на првиот носител Лејтон Хјуит во првото коло.[3] Бјоркман бил поразен од Хјуит кој подоцна го има освоено турнирот во Вимблдон.[4]

На Вимблдон 2006 година, тој неочекувано се пласирал во полуфиналето во поединечна конкуренција и тоа на 34-годишна возраст, што го прави најстариот играч што стигнал до таму на турнирот по легендата Џими Конорс во 1987 година. Тој успеал претходно само еднаш да влезе во четвртфиналето во поединечна конкуренција и тоа во 2003 година. Таа година бил победен од 14-тиот носител Радек Штепанек во натпревар кој вклучувал голема неизвесност. Претходно го победил својот партнер во двојки Макс Мирњи како и Томас Јохансон, Лукаш Длоухи и Даниеле Брачали. Во 2006 година во полуфиналето тој го налетал на светскиот рекет број 1 и бранител на титулата Роџер Федерер кој бил премногу добар и секако успеал да го победи Јонас со 6–2, 6–0, 6–2 во сетови. Кога Џон Мекинро го објавил своето официјално враќање на АТП про турнирите во 2006 година, тој се здружил со Бјоркман за да може да ја освои титулата во двојки на SAP Open во градот Сан Хосе.

За време на Вимблдон во 2008 година, Јонас објавил дека тој турнир ќе му биде последен Вимблдон бидејќи планира да се пензионира на крајот од сезоната. Иако тој бил исфрлен уште во првото коло во поединечна конкуренција, Бјоркман успеал заедно со Кевин Улиет да стигне до финалето каде биле поразени од вторите носители Даниел Нестор и Ненад Зимонјиќ. Тој по крајот на тоа финале добил огромни овации и пристојно збогување за неговата долга кариера на Вимблдон.

Бјоркман се повлекол од професионалниот тенис, откако со неговиот партнер Улиет не успеале да се квалификуваат за полуфиналето во двојки на тенискиот Мастерс куп во 2008 година.[5]

На 2 октомври 2013 година, тој најавил враќање на турнирите и тоа за почеток „If Stockholm Open“, добивајќи вајлд-карта (слободна карта за настап) во пар со сонародникот Роберт Линдштет.[6]

Бјоркман во 2015 година настапувал како танчер во Летс Денс 2015.[7]

Тренирање уреди

 
Мареј со новиот тренер Јонас Бјоркман за време на тренинзите на првенството во Аегон 2015 година

Енди Мареј го приклучил Бјоркман во неговиот тренерски штаб во март 2015 година за почеток на петнеделна проба за да помогне во периодот кога тренерката Амели Мауресмо била отсутна, бидејќи се согласила да работи со него за период од 25 недели.[8] Сепак, на крајот на Австралија опен, Мауресмо го известила Мареј дека е бремена и тој објавил на крајот на април дека Бјоркман ќе биде негов главен тренер за целата сезона на трева и на целиот настап на американските тврди терени. Мауресмо би била присутна во тимот на Мареј само за турнирот во Вимблдон.[9] Јонас Бјоркман му се приклучил на тимот на Мареј во април 2015 година, помагајќи му на Енди да победи на БМВ Опен во Минхен, неговата прва титула на земјени терени.[10] Потоа, Мареј ја освоил својата прва титула на Мастерс 1000 на земјена подлога во Мадрид. Во јуни 2015 година, Бјоркман го тренирал Енди Мареј на Квинс[11] каде што на крајот ја освоил својата четврта титула во Квинс Клубот на првенството во Аегон.[12] Во средината на декември 2015 година, Мареј одлучил да не го продолжува договорот со Бјоркман. Швеѓанецот, кој се приклучил во тимот на светскиот рекет број 2 во 2015 година, ја презел тренерската функција во последните четири месеци од сезоната во отсуство на првиот тренер Амели Мауресмо, но потоа немало да биде дел од тимот.[13]

Големи натпревари уреди

Грен слем финалиња уреди

Двојки: 15 натпревари (9 победи и 6 порази) уреди

резултати година првенство подлога партнер во двојки противници резултат
Пораз 1994 Франција опен

Ролан Гарос

Земја   Јан Апел   Бајрон Блек

  Џонатан Старк
4–6, 6–7
Пораз 1997 САД опен Тврда   Никлас Култи   Јевгени Кафелников

  Даниел Вацек
6–7(8–10), 3–6
Победа 1998 Австралијаопен Тврда   Јако Елтинг   Тод Вудбриџ

  Марк Вудфорд
6–2, 5–7, 2–6, 6–4, 6–3
Победа 1999 Австралија опен (2) Тврда   Патрик Рафтер   Маеш Бупати

  Леандер Паес
6–3, 4–6, 6–4, 6–7(10–12), 6–4
Победа 2001 Австралија опен (3) Тврда   Тод Вудбриџ   Бајрон Блек

  Давид Приносил
6–1, 5–7, 6–4, 6–4
Победа 2002 Вимблдон Трева   Тод Вудбриџ   Марк Кноулес

  Даниел Нестор
6–1, 6–2, 6–7(7–9), 7–5
Победа 2003 Вимблдон (2) Трева   Тод Вудбриџ   Маеш Бупати

  Макс Мирни
3–6, 6–3, 7–6(7–4), 6–3
Победа 2003 САД опен Тврда   Тод Вудбриџ   Боб Брајан

  Мајк Брајан
5–7, 6–0, 7–5
Победа 2004 Вимблдон (3) Трева   Тод Вудбриџ   Џулијан Кноули

  Ненад Зимониќ
6–1, 6–4, 4–6, 6–4
Победа 2005 Франција опен Земја   Макс Мирни   Боб Брајан

  Мајк Брајан
2–6, 6–1, 6–4
Пораз 2005 САД опен (2) Тврда   Макс Мирни   Боб Брајан

  Мајк Брајан
1–6, 4–6
Победа 2006 Франција опен (2) Земја   Макс Мирни   Боб Брајан

  Мајк Брајан
6–7(5–7), 6–4, 7–5
Пораз 2006 САД опен (3) Тврда   Макс Мирни   Мартин Дам

  Леандер Паес
7–6(7–5), 4–6, 3–6
Пораз 2007 Австралија опен Тврда   Макс Мирни   Боб Брајан

  Мајк Брајан
5–7, 5–7
Пораз 2008 Вимблдон Трева   Кевин Улјет   Даниел Нестор

  Ненад Зимониќ
6–7(12–14), 7–6(7–3), 3–6, 3–6

Мешани двојки: 2 (2 второпласирани) уреди

Резултат година првенство Површина Партнер Противниците Резултат
Загуба 1999 година Вимблдон Трева   Ана Курникова   Леандер Паес



  Лиза Рејмонд
4–6, 6–3, 3–6
Загуба 2007 година Вимблдон (2) Трева   Алиша Молик   Џејми Мареј



  Јелена Јанковиќ
4–6, 6–3, 1–6

Финале на Мастерс серијата уреди

Сингл: 1 (1 второпласиран) уреди

Резултат година првенство Површина Противник Резултат
Загуба 1997 година Мастерс во Париз Тепих синтелон (i)   Пит Сампрас 3–6, 6–4, 3–6, 1–6

Финалиња во кариерата уреди

Сингл: 11 (6 победи и 5 порази) уреди

Легенда
Грен слем (0–0)
Мастерс куп во тенис (0–0)
Мастерс серија на АТП (0–1)
Злато од меѓународна серија (1–0)
АТП турнири (5–4)
Резултат П–З Датум Турнир Површина Противник Резултат
Загуба 0–1 април 1995 Хонгконг Тврда   Мајкл Чанг 3–6, 1–6
Победи 1–1 јануари 1997 Окленд, Нов Зеланд Тврда   Кенет Карлсен 7–6 (9–7), 6–0
Загуба 1–2 мај 1997 Корал Спрингс, САД Земја   Џејсон Столтенберг 0–6, 6–2, 5–7
Победи 2–2 август 1997 Индијанаполис, САД Тврда   Карлос Моја 6–3, 7–6 (7–3)
Загуба 2–3 октомври 1997 Париз, Франција Тепих - синтелон (i)   Пит Сампрас 3–6, 6–4, 3–6, 1–6
Победи 3–3 ноември 1997 Стокхолм, Шведска Тврда(i)   Јан Зимеринк 3–6, 7–6 (7–5), 6–2, 6–4
Победи 4–3 јуни 1998 Нотингем, Велика Британија Трева   Бајрон Блек 6–3, 6–2
Победи 5–3 јуни 2002 Нотингем, Велика Британија Трева   Вејн Артурс 6–2, 6–7, 6–2
Загуба 5–4 февруари 2003 Марсеј, Франција Тврда (i)   Роџер Федерер 2–6, 6–7 (6–8)
Победи 6–4 септември 2005 Сити Хо Ши Мин, Виетнам Тепих - синтелон(i)   Радек Штепанек 6–3, 7–6 (7–4)
Загуба 6–5 јуни 2006 Нотингем, Велика Британија Трева   Ришар Гаске 4–6, 3–6

Двојки: 97 (54 победи и 43 порази) уреди

Легенда
Грен слем (9 победи и 6 порази)
Мастерс куп во тенис (2 победи и 0 порази)
Мастерс серија на АТП (15 победи и 10 порази)
Злато од меѓународна серија (2 победи и 6 порази)
АТП турнеја (26 победи и 21 пораз)
Наслови по површина победи спрема порази
Тврда (27–28)
Земја (15-5)
Трева (6-5)
Тепих Синтелон (6–5)

Поединечна конкуренција уреди

Турнир 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 SR
Гренд слем натпревари
Австралија опен A A A 2 коло 3 коло 4 коло 4 коло четврт финале 1 коло 3 коло 1 коло четврт финале A 1 коло 1 коло 1 коло 2 коло A 0 / 13
Франција опен A A ниско квалификуван 3 коло 1 коло 4 коло 2 коло 1 коло 1 коло 1 коло 1 коло 1 коло 2 коло 2 коло 1 коло 1 коло 4 коло 1 коло 0 / 15
Вимблдон A A ниско квалификуван 4 коло 2 коло 1 коло 1 коло 3 коло 2 коло 4 коло 3 коло 1 коло четврт финале 3 коло 3 коло полу финале 4 коло 1 коло 0 / 15
САД опен A A 2 коло четврт финале 3 коло 3 коло полу финале четврт финале 3 коло 2 коло 2 коло 1 коло 4 коло 1коло 2 коло 2 коло 2 коло A 0 / 15
Завршни натпревари
Тенис мастер куп Не Квалификуван полу финале Не Квалификуван 0 / 1
Гренд слем куп Не Квалификуван 1 коло Не квалификуван четвт финале четврт финале Не квалификуван Не е одржан 0 / 3
ATP Мастерс серија
Индијан Велс A A A A 2 коло 2 коло полу финале 1 коло 1 коло 1 коло 2 коло 1 коло A 3 коло 3 коло 2 коло 2 коло 2 коло 0 / 13
Мајами A A A 3 коло полу финале 2 коло четврт финале 2 коло 3 коло 1 коло 4 коло 2 коло 2 коло 3 коло 2 коло 1 коло 1 коло 1 коло 0 / 15
Монте Карло A A A A 2 коло 1 коло 1 коло 1 коло 1 коло 1 коло 2 коло 1 коло 1 коло 2 коло ниско квалификуван ниско квалификуван 1 коло Ниско квалификуван 0 / 11
Рим A A A A четврт финале A A 1 коло 1 коло ниско квалификуван 1 коло 1 коло A 1 коло ниско квалификуван ниско квалификуван 1 коло Ниско квалификуван 0 / 7
Хамбург A A A A A A A A A A 1 коло 1 коло ниско квалификуван 1 коло A A 1 коло A 0 / 4
Канада A A A 1 коло A 1 коло 3 коло четврт финале 1 коло 1 коло 1 коло A ниско квалификуван 1 коло 2 коло 1 коло 1 коло 2 коло 0 / 12
Синсинати A A A A 2 коло 2 коло 1 коло 1 коло 2 коло 3 коло 1 коло 1 коло A 3 коло A 1 коло 1 коло 1 коло 0 / 12
Мадрид A 1 коло A 1 коло 1 коло A полу финале полу финале ниско квалификуван A A ниско квалификуван 2 коло 1 коло A 1 коло A A 0 / 8
Париз A A A A 1 коло A финале 1 коло A A A ниско квалификуван четврт финале 1 коло A 1 коло ниско квалификуван A 0 / 6
година на рангирање 700 333 96 50 30 69 4 24 75 44 60 48 30 70 62 54 59 173

Двојки уреди

Турнир 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 SR W–L
Гренд слем натпревари
Австралија опен A A A полу финале 1 коло 3 коло 3 коло победа победа 2 коло победа 2 коло A полу финале полу финале четврт финале финале A 3 / 13 44–10
Франција опен A A 1 коло финале 2 коло четврт финале 2 коло полу финале 3 коло 2 коло четврт финале четврт финале 2 коло 3 коло победа победа четврт финале четврт финале 2 / 16 44–14
Вимблдон A A 1 коло 3 коло 3 коло четврт финале четврт финале полу финале четврт финале 3 коло 3 коло победа победа победа полу финале четврт финале 1 коло финле 3 / 16 51–13
САД опен A A четврт финале 1 коло 1 коло 1 коло финале четврт финале полу финале 1 коло 3 коло полу

финале

победа 3 коло финале финале 3 коло 2 коло 1 / 16 42–15
Победи - порази 0–0 0–0 3–3 11–4 3–4 8–4 11–4 17–3 15–3 4–4 13–3 14–3 13–1 14–3 19–3 17–3 10–4 9–3 9 / 61 181–52
Завршни натпревари
Тенис Мастерс куп A A A победа A RR A A A A A NH RR полу финале RR победа RR RR 2 / 8 16–13
АТП Мастерс серија
Индијан Велс A A A A четврт финале 2 коло четврт финале победа 2 коло 1 коло финале полу финале полу

финале

1 коло полу финале полу финале полу финале четврт финале 1 / 14 28–13
Мајами A A A четврт финале 1 коло 2 коло 2 коло 2 коло 2 коло четврт финале финале 1 коло четврт финале финале победа победа четврт финале 2 коло 2 / 15 30–13
Монте Карло A A A A 2 коло финале полу финале 1 коло четврт финале 1 коло победа победа 2 коло четврт финале 2 коло победа четврт финале полу финале 3 / 14 26–11
Рим A A A A финале A A четврт финале четврт финале четврт финале 1 коло A A полу финале полу финале полу финале 2 коло полу финале 0 / 10 18–10
Хамбург A A A A A A A A A A победа финале четврт финале полу финале победа четврт финале четврт финале 2 коло 2 / 8 17–6
Канада A A A A A полу финале 2 коло полу финале победа полу финале 2 коло A финале финале полу финале четврт финаале четврт финале четврт финале 1 / 12 25–11
Синсинати A A A A 2 коло четврт финале четврт финале 1 коло победа четврт финале полу финале 1 коло четврт финале финале победа победа 2 коло 2 коло 3 / 14 26–11
Мадрид A A A финале 2 коло A 2 коло 2 коло победа полу

финале

A полу финале четврт финале 1 коло A полу финале полу финале полу финале 1 / 12 21–11
Париз A A A A 2 коло A 1 коло 2 коло 2 коло 2 коло A полу финале полу финале победа 1 коло полу финале четврт финале победа 2 / 12 18–10
Победи - порази 0–0 0–0 0–0 5–2 9–7 10–5 10–7 11–7 17–5 13–8 21–5 15–6 12–8 18–8 20–5 24–6 11–9 13–8 15 / 111 209–96
Години и пласман 408 199 56 9 26 12 17 8 3 26 1 6 6 3 3 4 15 9

Топ 10 победи уреди

Сезона 1991 година 1992 година 1993 година 1994 година 1995 година 1996 година 1997 година 1998 година 1999 година 2000 година 2001 година 2002 година 2003 година 2004 година 2005 година 2006 година 2007 година 2008 година Вкупно
Победи 0 0 0 2 0 0 8 2 2 2 1 1 0 2 2 0 0 0 22
# играч ранг настан подлога ниво резултат
1994
1.   Серџи Бругуера 3 Шенектади САД Тврда 2 коло 2–6, 6–4, 6–2
2.   Стефан Едберг 5 САД опен Њујорк Тврда 3 коло 6–4, 6–4, 6–0
1997
3.   Марсело Риос 9 Мајами, САД Тврда 3 коло 6–3, 3–6, 6–1
4.   Пит Сампрас 1 Квинс клуб, Лондон Трева четврт финале 3–6, 6–3, 6–4
5.   Карлос Моја 9 Индијанополис,

САД

Тврда финале 6–3, 7–6(7–3)
6.   Густаво Куертен 9 САД опен, Њујорк Тврда 3 коло 6–3, 6–1, 7–5
7.   Пат Рафтер 3 Стокхолм Шведска Тврда (i) полу финале 7–6(7–3), 7–6(7–3)
8.   Серџи Бругуера 8 АТП турнир, Хановер Тврда (i) RR 6–3, 6–1
9.   Мајкл Чанг 2 АТП турнир, Хановер Тврда (i) RR 6–4, 7–5
10.   Мајкл Чанг 3 Дејвис куп, Гетеборг Тепих - синтелон(i) RR 7–5, 1–6, 6–3, 6–3
1998
11.   Алекс Коретја 7 Дејвис куп, Стокхолм Тепих - синтелон (i) RR 6–3, 7–5, 6–7(5–7), 6–3
12.   Карлос Моја 5 Дејвис куп, Стокхолм Тепих - синтелон (i) RR 6–3, 7–5
1999
13.   Ричард Крајчек 4 Токио, Јапонија Тврда четврт финале 3–6, 7–5, 6–1
14.   Марк Филипусис 10 Светски клупски куп, Диселдорф Земја финале 6–4, 7–6(7–3)
2000
15.   Николас Лапенти 9 Ротердам, Холандија Тврда(i) 1 коло 7–6(7–5), 6–2
16.   Алекс Коретја 7 Синсинати, САД Тврда 1 коло 6–4, 6–4
2001
17.   Себастијан Грожан 9 Лион, Франција Тепих - синтелон(i) 2 коло 7–6(7–2), 1–6, 6–4
2002
18.   Тим Хенман 8 Австралија опен, Мелбурн Тврда 4 коло 6–2, 7–6(8–6), 6–4
2004
19.   Енди Родик 1 Доха, Катар Тврда 2 коло 6–3, 6–4
20.   Марк Филипусис 9 Дејвис куп, Аделаида Тврда RR 7–5, 6–2, 6–2
2005
21.   Николај Давиденко 7 Вимблдон, Лондон Трева 2 коло 6–7(4–7), 1–2 ret.
22.   Мариано Пуерта 10 Хо Ши Мин, Виетнам Тврда полу финале 6–1, 6–0

Наводи уреди

  1. http://www.protennislive.com/posting/ramr/career_prize.pdf
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „ATP Tour profile for Jonas Björkman“. Посетено на 9 July 2007.
  3. Bjorkman in Wimbledon warning to Hewitt - theage.com.au
  4. Hewitt wins first-round scrap with Swede - smh.com.au
  5. „Bjorkman Retires After 17-Year Career“. Tennis Masters Cup. 14 November 2008. Архивирано од изворникот на 4 March 2009. Посетено на 17 November 2008.
  6. „Tennis - Jonas Bjorkman to make doubles comeback at If Stockholm Open“. Tennis World Italia. 2 October 2013. Архивирано од изворникот на 5 October 2013. Посетено на 2 October 2013.
  7. Henley, Blair. „Bjorkman competes on Sweden's Let's Dance“. atpworldtour.com. ATP Tour.
  8. https://www.telegraph.co.uk/sport/tennis/andymurray/11464204/Andy-Murray-to-hire-Jonas-Bjorkman-when-hes-finished-with-Swedens-answer-to-Strictly-Come-Dancing.html
  9. https://www.theguardian.com/sport/2015/apr/26/andy-murray-jonas-bjorkman-coach
  10. Andy Murray: Jonas Bjorkman to help Scot be more aggressive
  11. Andy Murray column: Winning titles & testing Bjorkman
  12. Andy Murray wins fourth Queen's Club title with two wins in a day
  13. https://www.independent.co.uk/sport/tennis/andy-murray-splits-with-assistant-coach-jonas-bjorkman-a6776296.html

 Надворешни врски уреди