Јаворска Вода (Лазарополе)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Јаворска Вода

Карта

Местоположба 41°32′9″N 20°41′37″E / 41.53583° СГШ; 20.69361° ИГД / 41.53583; 20.69361
Основни податоци
Место Лазарополе
Општина Маврово и Ростуше
Тип

 населба  некропола


Период железно време
среден век
Портал „Археологија“

Јаворска Водаархеолошко наоѓалиште во гостиварското село Лазарополе. Претставува населба од железното време и средновековна некропола. Се наоѓа на околу 4 км југозападно од селото, во приватна нива, која е во непосредната близина на изворот на т.н. машка лековита вода,каде уште во 1952 година со стрмењето за лозја биле откриени 60 гроба градени од камени плочи -тип циста, поставени во правец исток-запад. Истата година Археолошкиот музеј на Македонија извршил заштитно ископување. Денес на површината се наоѓаат фрагменти од керамички садови и остатоци од куќен лепеж. Наодите се депонирани во Музејот на Македонија.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069