Ѓавоља Варош (српски: Ђавоља варош, „Ѓаволски Град“) — карпеста образба во јужна Србија на планината Радан кај Куршумлија. Има 202 необични земјени пирамиди или кули, како што ги нарекуваат мештаните. Високи се од 2 до 15 м и широки од 4 до 6 м при основата. Создадени се со силна ерозија на почвата поради голема вулканска активност пред повеќе милиони години.[1] Највеќето кули имаат „глави“ или „капи“ од андезит, кои ги штитат од понатамошни одрони.[2]

Ѓавоља Варош (Ђавоља варош)
Ѓаволски Град
Ѓаволја Варош
Земја Србија
Округ Топлички
Градови Куршумлија, 90 км од Ниш
Местоположба
 - координати 42°59′33″N 21°24′26″E / 42.99250° СГШ; 21.40722° ИГД / 42.99250; 21.40722
 - надм. висина 700 м
Поршина 0,67 км2
Геологија карпеста образба
Портал : djavoljavaros.com

Почнувајќи од 1959 г. местото е заштитено со закон, а во 1995 г. дрржавата го прогласила за споменик на природата од прва категорија.[3]

Под камените образби има два извора: Ѓавоља Вода (Ѓаволска Вода), со крајно кисела вода (pH 1,5) и голема концентрација на минерали (15 г/л) и Црвено Врело.[3]

Ѓавоља Варош бил кандидат во кампањата „Седум светски чуда на природата“.[4]

Најслични образби во Македонија се Камените Кули кај с. Куклица, Кратовско.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Ѓавоља Варош Архивирано на 20 март 2015 г. — Туристичка организација на Србија (српски)
  2. Споменик на природата Ѓаволја Варош (Ѓаволски Град) — Светско наследство на УНЕСКО (англиски)
  3. 3,0 3,1 За Ѓавоља Варош
  4. „New7Wonders: Đavolja Varoš, Rock Formation“. Архивирано од изворникот на 2009-07-09. Посетено на 2015-04-04.

Поврзано уреди