Карпа

куп природно наталожени минерали

Карпите се составни делови на литосферата составени од збир на повеќе минерали, иако во некои случаи можат да бидат составени само од еден минерал. Иако се создале на различни начини и на разни длабочини, тие може да се најдат на целата Земјина површина, бидејќи се јавуваат во облик на површински пројави. Науката, пак, што се занимава со настанокот, составот, особините и начинот на пројавување на карпите во Земјината кора се нарекува петрологија (грчки: petros-карпа). Сите карпи, според начинот на настанувањето, се делат на три основни групи: магматски, седиментни и метаморфни.

Карпа од различни минерали

Магматски карпи уреди

 
Базалт, вид на магматска карпа

Магматските карпи настануваат со ладењето или стврднувањето на вулканската лава или магма во самата Земјина кора или на нејзината површина. Кога ладењето е многу брзо, нема време да се создаваат кристали, но ако тоа се случува бавно, колку подолго ќе трае процесот, толку поголеми ќе бидат карпестите кристали. Овие карпи се одликуваат со голема цврстина и имаат голема примена во градежништвото. Тие немаат слоеви и не содржат фосилни остатоци. Магматските карпи се класифицираат на најразлични начини. Ако се поделат според начинот на настанувањето, има:

  • Плутонски, кои кристализираат внатре во кората и создаваат големи маси на правилни кристали
  • Насложени, кои се стврднуваат преку пукнатините низ кои магмата си отвора пат и создаваат големи и мали кристали
  • Вулкански, чијшто начин на стврднување е надвор по вулканските ерупции и создаваат само некои кристали. Се класифицираат според процентот на силициум што го содржат:
    • Кисели, се состојат од над 66% силициум (како гранитот, на пример)
    • Средни, имаат меѓу 52 и 66% силициум (како андеситот)
    • Базични, се состојат од 45 до 52% силициум (на пример, базалт)

Седиментни карпи уреди

 
Песочник, вид на седиментна карпа. Се забележуваат напластувањата.

Седиментните карпи настануваат со седиментација (напластување или таложење) на ситен материјал во морињата, езерата, реките и на копното. Овие карпи најчесто се напластени во хоризонтална положба и се состојат од слоеви со различна дебелина. Во нив може да се сретнат фосилни остатоци од растенија или животни. Според потеклото и видот на материјалот што се напластува, се разликуваат карпи со:

 
Седиментна карпа на Водно

Метаморфни карпи уреди

 
Мермер. Во Македонија наоѓалиште на мермер има во Прилеп (Мермерен комбинат)

Метаморфните (видоизменети) карпи имаат променлив состав и потекнуваат од метаморфозата (видоизменувањето) на физичко-хемиски особини на кој било друг вид на карпи (магматски, седиментни). Метаморфозата најчесто се врши во подлабоките слоеви на Земјината кора. Главни фактори за видоизменувањето се високиот притисок и високите температури, кои придонесуваат кристалографската структура на карпата да се измени (процес познат како прекристализација), а резултатот е создавање нови минерали. Метаморфни карпи се мермерот, гнајсот, шкрилците, кварцитот, амфиболитот и слично.

Карпите како тема во уметноста и во популарната култура уреди

Карпите се јавуваат како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

Наводи уреди

  1. Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 67.
  2. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 78-82.
  3. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 193.
  4. T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 105-125.
  5. Discogs, The Mothers Of Invention ‎– Freak Out! (пристапено на 11.7.2019)[мртва врска]