WSXGA+ (англ. Widescreen Super eXtended Graphics Array Plus, мак. „Широкоекранско Суперпроширено Графичко Поле Плус“) е стандард на компјутерски екрани. WSXGA+ екранот често се користи кај широкоекранските 20", 21" и популарните 22" LCD монитори од разни произведувачи (и многу мал број на 19" широкоекрански монитори), како и широкоекранските 15.4" и 17" лаптопски LCD екрани како Thinkpad T61. разложеноста изнесува 1680×1050 пиксели (1.764.000 пиксели) и има формат на сликата во сооднос од 16:10 .

WSXGA+ е широкоекранска верзија на SXGA+, но не добила одобрување од ниедна организација. Следната повисока разложеност (за широки екрани) е WUXGA, која изнесува 1920x1200 пиксели.

Табела за споредба

уреди
x
(ширина)
y
(висина)
Мега-
пиксели
Сооднос Постоточна разлика во бр. на пиксели Типични димензии Неширока
варијанта
Употреба
Назив WXGA WSXGA WSXGA+ WUXGA WQXGA WQUXGA
WXGA 1366 768 1.05 1.78 0% −19% −41% −54% −74% −89% 15–19 инчи XGA Нормална употреба; приказ на 720p (1280×720) видео содржини.
WSXGA
WXGA+
1440 900 1.3 1.6 24% 0% −27% −44% −68% −86% 15–19 инчи XGA+
WSXGA+ 1680 1050 1.76 1.6 68% 36% 0% −23% −57% −81% 20–22 инчи SXGA+
WUXGA 1920 1200 2.3 1.6 120% 78% 31% 0% −44% −75% 23–28 инчи UXGA Приказ на 2 цели страници текст една до друга; приказ на 1080p (1920×1080) видео содржини.
WQXGA 2560 1600 4.1 1.6 290% 216% 132% 78% 0% −56% 30+ инчи QXGA Напреден графички дизајн; други професионални програми; потрошувачи на висококвалитетни производи.
WQUXGA 3840 2400 9.2 1.6 778% 611% 422% 300% 125% 0% QUXGA