Visual Basic (VB) — таканаречен event driven програмски јазик производ на Microsoft како дел од таканаречениот COM програмски модел. VB подоцна се заменува со Visual Basic .NET. Постарите верзии на VB се деривации на BASIC. Програмскиот јазик овозможува рапиден развој на апликации (RAD) со графички кориснички посредник (GUI), пристап до бази на податоци преку користење на DAO, RDO, или ADO, и создавање на ActiveX контроли и објекти.

Visual Basic
Логото на VBA
Парадигма:Event-driven
Развивач:Microsoft
Типови:Static, strong
Под влијание на:QuickBASIC
Влијае на:Visual Basic .NET
Оперативен систем:Microsoft Windows

Порграмерот ја составува апликацијата користејќи се со компоненти кои доаѓаат со самиот Visual Basic. Програмите напишани во Visual Basic исто така можат да се користат со Windows API, но за тоа потребно е да се декларираат соодветни надворешни функции.

Во бизнис програмирањето, Visual Basic е најчесто употребуван. Според некои истражувања, 62% од развивачите на софтвер изјавиле дека користат на некаков начин Visual Basic. Тоа е висок процент, и Visual Basic претставува директен конкурент на C++, JavaScript, C# и Java за доминација во бизнис светот.[1]

Наводи

уреди
  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2007-06-06. Посетено на 2007-05-10.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Викикниги
Викикнигите Programming имаат повеќе на оваа тема:

Microsoft врски

уреди

Учебници

уреди