Зелениче (растение)
Зелениче ( латински: Vinca minor) е зелјесто повеќегодишно растение (измиени) со виолетови цветови и постојано зелени листови. Поради своите листови, ова растение станало симбол на бесмртноста. Порано се сметало за симбол на невиноста и чедноста. Покрај сето тоа, означува и вечно пријателство. Во поранешните периоди ( среден век и подоцна) за време на јавните погубувања, блиските роднини или пријатели на осудениот носеле цветови од зеленичиња со значење дека душата на погубениот, без разлика на стореното дело, сепак ќе се пресели во рајот, дека осудениот не е виновен и дека невин бил погубен. Во христијанската религија и иконографијата, зеленичето го претставува невиното страдање на Исус Христос.
Биљка | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
(нерангирано): | |
(нерангирано): | |
(нерангирано): | |
Ред: | Lamiales |
Семејство: | Plantaginaceae |
Род: | Veronica |
Вид: | V. officinalis |
Биномно име | |
Опис на растението
уредиЗелениче е повеќегодишно растение кое може да порасне од 20 до 25 сантиметри. Најдобро расте на влажна почва, но може да се најде и на малку посува почва. Припаѓа во нивото на ниска вегетација. Може да се најде во шумите и ливадите, обично со грмушки и дрвја. Се користи во народната медицина.
Лист
уредиЛистовите се зелени во текот на целата година. Широки се од 2,5 до 3 и долги 4 сантиметри. Тие се со темно-зелена боја и имаат правилена форма. Имаат мазни рабови. Тие имаат најсилно лековито својство и од нив се прави сируп. Исто така во сушена и мелена форма се користат како зачин.
Цвет
уредиЦветовите на зеленичето се виолетови или модро-сини. Цветаат кон крајот на летото и се долги околу еден сантиметар. Се составени од 5 венечни ливчиња. Во ретки случаи, може да биде и во бела боја. Има пријатен мирис. И цветот, како и другите делови од растението, има лековити својства, па затоа има и примена во медицината.
Стебло и корен
уредиСтеблото е во форма на колено, со должина помеѓу 10 и 20 сантиметри. Има мал обим и лесно се свива, како и кај другите зелјести растенија. По боја е малку посветло од листовите. Коренот е нешто малку помал, најчесто долг околу 7 сантиметри. Сличен е како и кај другите зелјести растенија.
Плод
уредиПлодовите се мали и не се забележуваат лесно. Долги се од 2 до 2,5 сантиметри и имаат големи семиња.