Видеоконференција
(Пренасочено од Videoconferencing)
Видеоконференција или видеотелеконференција е множество од интерактивни телекомуникациски технологии кои овозможуваат луѓето на две или повеќе различни локации да комуницираат преку симултан двонасочен аудио и видео пренос. Позната е и како визуелна колаборација, и е наменета за соработка меѓу групи.
Како колаборативни системи видеоконференциите се класифицираат во системите кои овозможуваат соработка меѓу луѓе, додека според парадигмата место-време се вројуваат во систмите со различно но предвидливо место за корисниците и исто време.
Видеоконференциските системи овозможуваат:
- Побрза комуникација и полесна колаборација
- Се намалуваат трошоците за деловни патувања, се намалува потрошеното време
- Побрзо може да се донесат одлуки за разлика од другите системи за соработка на далечина, бидејќи менаџерот или водачот на тимот истовремено може да го види расположението на тимот и како тие прифаќаат одредена одлука. Ваквите состаноци се продуктивни.
- Повеќе членови од тимот може да учествуваат на состанокот без трошење од работното време на патувања
Пример за ваков систем е Polycom Video Conferencing.[1]
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-02-26. Посетено на 2009-06-16.