Во компјутерските науки, traceroute е мрежна дијагностицирачка алатка за прикажување на патеката и мерење на транспортното задоцнување на пакетите низ мрежата. Историјата на патеката на пакетите се зачувува така што се зачувуваат времињата на пакетите примени од секој следен домаќин (host). Сумата на тие времиња го дава вкупното време потребно да се воспостави врска. Traceroute командата продолжува да се извршува освен ако сите пратени пакети се изгубат повеќе од двапати, тогаш врската е изгубена и патеката не може да биде евалуирана.

Во компјутерските науки, traceroute е мрежна дијагностицирачка алатка за прикажување на патеката и мерење на транспортното задоцнување на пакетите низ мрежата. Историјата на патеката на пакетите се зачувува така што се зачувуваат времињата на пакетите примени од секој следен домаќин (host). Сумата на тие времиња го дава вкупното време потребно да се воспостави врска. Traceroute командата продолжува да се извршува освен ако сите пратени пакети се изгубат повеќе од двапати, тогаш врската е изгубена и патеката не може да биде евалуирана.

Имплементација

уреди

Traceroute командата праќа секвенца од три Internet Control Message Protocol (ICMP) Echo Request пакети адресирани до дестинацискиот хост. Time-to-live(TTL) ,вредноста уште позната и како хоп лимит, е користена за одредување на бројот на насочувачите низ кои се минува до одредиштето. Насочувачите ја декрементираат вредностата во полето TTL за 1 при насочување и ги отфрлаат оние пакети чија вредност во TTL полето достигнала нула, генерирајќи ICMP Time Exceeded порака за грешка. Најчести почетни вредности за TTL полето се 128 за Windows и 64 за Unix-засновани оперативни системи. Traceroute работи преку праќање пакети со постепено зголемување на TTL вредноста, започнувајќи со 1. Првиот насочувач го прима пакетот,ја декрементира TTL вредноста и го отфрла пакетот затоа што вредноста е нула. Насочувачот праќа ICMP Time Exceeded порака назад до изворот. Наредниот сет на пакети му е дадена вредност на TTL полето 2 ,при што првиот насочувач ги пропушта пакетите,но вториот насочувач ги отфрла и одговара со ICMP Time Exceeded порака. Продолжувајќи на ваков начин Traceroute ги користи повратните ICMP Time Exceeded пораки за да изгради список на насочувачи низ кој поминува пакетот сè до достигнување на одредиштето и веќа ICMP Echo Reply порака. Вратените временски ознаки за секој насочувач низ патеката се вредности на латенција, типично мерени во милисекунди за секој пакет.

Hop 192.168.1.2 Depth 1
    Probe status: unsuccessful
    Parent: ()
    Return code: Label-switched at stack-depth 1
    Sender timestamp: 2008-04-17 09:35:27 EDT 400.88 msec
    Receiver timestamp: 2008-04-17 09:35:27 EDT 427.87 msec
    Response time: 26.92 msec
    MTU: Unknown
    Multipath type: IP
      Address Range 1: 127.0.0.64 ~ 127.0.0.127
    Label Stack:
      Label 1 Value 299792 Protocol RSVP-TE

Испаќачот очекува одговор за определено време од неколку секунди. Ако пакетот не е потврден во очекуваниот временски рок, се појавува ѕвездичка. Интернет протоколот не побарува пакетите да изминуваат иста патека до извесно одредиште,затоа домаќините прикажани на листата можат да бидат домаќини што други пакети ги поминале. Ако хостот во скок N не одговара, скокот не се испишува на излез.

Употреба

уреди
 
Визуелен тракерут

Повеќето имплементации вклучуваат барем опции да го определат времето за чекање на одговор, лимитот на дозволени скокови и портата. Повикувајќи ја комнадатата traceroute без дополнителни аргументи прикажува список на достапни опции, додека командата man traceroute прикажува повеќе детали. Едноставен пример на Linux:

$ traceroute -w 3 -q 1 -m 16 example.com

Во примерот погоре, селектираните опции се да се чекаат три секунди (наместо пет), да се прати едно query за секој хоп,лимитот е поставен на 16 наместо на 30 со example.com ако последен десинациски хост. Ова може да помогне да се иднетификуваат некоректните насочувачки табели што може да го блокираат ICMP сообраќајот. На пример firewall може да дозволи ICMP пакетите да се пратат, но да не дозволи пакети од други протокли. Traceroute е исто така користена за пенетрациските тестери да добијат информација за мрежната ифраструктура на даден хост. Тоа може исто така да се искористи при симнување на податоци од интернет,ако на пример постојат повеќе достапни опслужувачи од каде можат да се преземат,хостот може да добие информација за најбрзиот кој тој може да го искористи.

Потекло

уреди

Првата traceroute програма била напишана од Van Jacobson во 1987 од сугестија на Steve Deering, со особено убедливи сугестии или поправки од C. Philip Wood, Tim Seaver и Ken Adelman. Исто така, иноваторот на ping програмот, Mike Muuss, констатира на неговото мрежно место дека traceroute командата е напишана користејќи кернел ICMP поддршка штотој претходно е кодирана за да овозможи ICMP сокети кога тој првпат ја напишал ping програмата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди