Tor
Tor (кратенка за The Onion Router)[3] е систем кој има за цел да овозможи анонимност на интернет. Клиентскиот софтвер Tor го насочува интернет-сообраќајот преку светска доброволна мрежа од опслужувачи за да се скрие локацијата на корисникот или употребата од некој што врши надзор над мрежата или анализа на сообраќајот. Користењето на Tor уште повеќе го отежнува следењето на активности преку интернет, вклучувајќи ги и „посетите на мрежни места, постови на интернет, инстант-пораки и други форми на комуникација“ до корисникот и има за цел да ги заштити личната слобода и приватноста на корисниците, како и способноста да водат доверлива дејност чувајќи ги од надзор нивните активности на интернет.
Програмери | The Tor Project[1] |
---|---|
Првично издание | 20 септември 2002[2] |
Прог. јазик | C |
Опер. систем | Cross-platform |
Вид | Onion routing, Anonymity |
Лиценца | BSD license |
Мреж. место | torproject.org |
„Onion Routing“ (насочување во слоеви) се однесува на слоевитата природа на сервисот за шифрирање: првобитните податоци се шифрираат и ре-шифрираат неколкупати, а потоа се испраќаат преку сукцесивни Tor релеи, од кои секој дешифрира по еден „слој“ на енкрипција пред податоците да се пренесат до следниот релеј и, во крајна линија, до неговото одредиште. Ова ја намалува можноста оригиналните податоци да се дешифрираат или разберат при нивното пренесување.[4]
Клиентот Tor е слободен софтвер и користењето на мрежата на Tor е бесплатно.
Од 2021 година, мрежно место го обвинува ТОР дека не е веќе безбеден, тврдејќи дека владите можат да го скршат.[5]
Историја
уредиВо март 2011 година, Фондацијата Слободен Софтвер на проектот Tor му ја додели Наградата за 2010 за проекти од општествен интерес врз основа на следново: „Користејќи слободен софтвер, Tor им овозможи на околу 36 милиони луѓе од целиот свет да ја искусат слободата на пристап и изразување на интернет, имајќи контрола врз својата приватност и анонимност. Неговата мрежа се покажа како клучна за дисидентските движења во Иран и неодамна во Египет“.[6]
Начин на функционирање
уредиTor има за цел да ги сокрие идентитетите на неговите корисници и нивната активност на интернет од надзор и анализа на сообраќајот со одвојување на идентификацијата и насочувањето. Тоа подразбира насочување во слоеви, со кое комуникациите се шифрираат и пренасочуваат по случаен избор преку мрежата на релеи со која управуваат волонтери од целиот свет. Овие „кромидски“ насочувачи користат шифрирање со повеќе слоеви (оттука и метафората со кромидот) за да се обезбеди совршена тајност при проследувањето помеѓу релеите, на тој начин обезбедувајќи им на корисниците анонимност на нивната мрежна локација. Таа анонимност го опфаќа и вдомувањето содржината отпорна на цензура преку функцијата за анонимна скриена услуга. Покрај тоа, со одржување на тајноста на некои од влезните релеи („bridge“ релеи), корисниците можат да ја избегнат цензурата на интернет која се потпира врз блокирање на јавните Tor релеи.
Бидејќи интернет-адресите на испраќачот и на примачот не се во cleartext во кој било дел од патот, некој што прислушува во која било точка по должината на комуникацискиот канал, истите не може директно да ги идентификува. Исто така, на примачот му се чини дека последниот Tor јазол (излезниот јазол) е всушност оној од кој потекнува комуникацијата, наместо од испраќачот.
Локализација на македонски јазик
уредиПреводот на македонски јазик беше направен во склоп на проектот[7]: Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност - УДБА-МК од страна на водачите на проектот Лилјана Ацковска и Жарко Ѓуров.[8]
На 22 октомври 2019 година излезе финалното стабилно издание на верзија 9[9] на прелистувачот Tor и инсталационите податотеки на македонски јазик оттогаш се достапни за преземање.
Македонија е прва држава од Балканот која го има преведено Tor, а 31. во светот.[10]
Правни аспекти
уредиСпоред CNET, функцијата на Tor за анонимност e „поддржана од фондацијата Electronic Frontier Foundation и други групи за граѓански слободи, како метод за информаторите и работниците за човекови права да комуницираат со новинарите“. Системите за анонимизирање како Tor, понекогаш се користат за работи кои се, или можат да бидат, нелегални во некои земји, на пример, Тор може да се користи за да се добие пристап до цензурирани информации, да се организираат политички активности[11], или да се заобиколат законите против критикување на шефови на држави. Tor, исто така, може да се користи за анонимно клеветење, неовластено протекување на чувствителни информации, како и за кршење на авторските права, за дистрибуција на нелегална сексуална содржина[12][13][14], за продажба на контролирани супстанции[15], перење пари [16], измами со кредитни картички и кражба на идентитет; црниот пазар кој ја експлоатира инфраструктурата на Tor работи, барем делумно, во спрега со Bitcoin[17], а самиот Tor се користеше од страна на криминални групи, групи за хактивизам (како што е Anonymous) и полициски агенции за разни цели, понекогаш и истовремено.[18][19]
Наводи
уреди- ↑ „Tor Project: Core People“. The Tor Project. Посетено на 17 July 2008.
- ↑ Dingledine, Roger (20 September 2002). "pre-alpha: run an onion proxy now!". Поштенски список на or-dev. http://archives.seul.org/or/dev/Sep-2002/msg00019.html. Retrieved 17 July 2008.
- ↑ Jordi Domingo-Pascual; Yuval Shavitt; Steve Uhlig (14 June 2011). Traffic Monitoring and Analysis: Third International Workshop, TMA 2011, Vienna, Austria, April 27, 2011, Proceedings. Springer. стр. 113–. ISBN 978-3-642-20304-6. Посетено на 6 August 2012.
- ↑ The Tor Project. „Tor: anonymity online“. Посетено на 9 January 2011.
- ↑ https://restoreprivacy.com/tor/
- ↑ „2010 Free Software Awards announced“. Посетено на 23 March 2011.
- ↑ „Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност - УДБА-МК“. UDBAMK (англиски). Посетено на 2019-11-22.
- ↑ „За нас / About us“. UDBAMK (англиски). Посетено на 2019-11-22.
- ↑ „New Release: Tor Browser 9.0 | Tor Blog“. blog.torproject.org. Посетено на 2019-11-22.
- ↑ „Тор Историјат“. UDBAMK (англиски). Посетено на 2019-11-22.
- ↑ Cochrane, Nate (2 February 2011). „Egyptians turn to Tor to organise dissent online“. Scmagazine.com.au. Архивирано од изворникот на 2011-12-13. Посетено на 10 December 2011.
- ↑ Cleaning up Tor on broadband.com
- ↑ Jones, Robert (2005). Internet forensics. O'Reilly. стр. P133. ISBN 0-596-10006-X.
- ↑ 'Dark Net' Kiddie Porn Website Stymies FBI Investigation. Gawker.com (2012-06-11). Посетено на 2012-08-06.
- ↑ The Underground Website Where You Can Buy Any Drug Imaginable Архивирано на 3 јуни 2011 г.. Gawker.com (2011-06-01). Посетено на 2012-04-20.
- ↑ Goodin, Dan. (2012-04-16) Feds shutter online narcotics store that used TOR to hide its tracks. Arstechnica.com. Посетено на 2012-04-20.
- ↑ How online black markets work – CSO Online – Security and Risk Архивирано на 13 август 2012 г.. CSO Online (2012-04-30). Посетено на 2012-08-06.
- ↑ How online black markets work – CSO Online – Security and Risk Архивирано на 11 септември 2012 г.. CSO Online (2012-04-30). Посетено на 2012-08-06.
- ↑ Hunting for child porn, FBI stymied by Tor undernet. Muckrock (2012-06-08). Посетено на 2012-08-06.
Литература
уреди- Anonymity Bibliography Retrieved: 21 May 2007
- Schneier, Bruce. Applied Cryptography. ISBN 0-471-11709-9.
- Schneier, Bruce. Email Security. ISBN 0-471-05318-X.
- Bacard, Andre. Computer Privacy Handbook. ISBN 1-56609-171-3.
Дополнителна литература
уреди- AnonWatch, Tor in Depth Security Analysis of the Tor Network
- Goodin, Dan "Tor at heart of embassy passwords leak", 10 September 2007 article on The Register news website. (Пристапено на 20 септември 2007).
- Krebs, Brian, Attacks Prompt Update for 'Tor' Anonymity Network 8 август 2007 (Пристапено на 27 октомври 2007)
- „The Hack of the Year“. The Sydney Morning Herald. 13 ноември 2007. Посетено на 16 ноември 2007.
- Zhelatin.IR (= Storm Worm) 7 септември 2007 (Пристапено на 27 октомври 2007) (француски)
- Make Tor go the whole hog Hacker Magazine article
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Tor projects
- Core Onion Архивирано на 11 јули 2013 г. — Вовед за користење на Tor (Tor е задолжителен за пристап до страната)