The Shaggs

американска рок-група

The Shaggs ― американска рок-група основана во 1965 година во Фримонт, Њу Хемпшир.[3] Групата била составена од сестрите Дороти „Дот“ Вигин (пејачка и главна гитара), Бети Вигин (пејачка и ритам-гитара), Хелен Вигин (тапани),[4][5] а подоцна им се приклучила Рејчел Вигин (бас-гитара).[6][7] Еден дел од музичките критичари нивната музика ја оцениле како една од најлошите на сите времиња, а други како дело со ненамерна брилијантност.[8][9][10][11]

The Shaggs
The Shaggs во 1968
Животописни податоци
ПотеклоФримонт, Њу Хемпшир, САД
Жанрови
Период на активност
  • 1965–1975
  • 1999
  • 2017
Издавачи
Поранешни членови
  • Дороти „Дот“ Вигин
  • Хелен Вигин
  • Бети Вигин
  • Рејчел Вигин

The Shaggs компонирале навидум едноставни и бизарни песни, при што користеле ненаштимани гитари, непостојани тактови, исклучени ритми, залутани мелодии и основни стихови. Според Ролинг Стоун, сестрите пееле како „лоботомизирани Trapp Family Singers“,[12] а музичарот Тери Адамс нивната музика ја споредил со фри-џез композициите од Орнет Колман.[13]

The Shaggs биле основани на инсистирање на нивниот татко, Остин Вигин, откако неговата мајка со читање на неговата дланка предвидела дека неговите ќерки ќе основаат популарна музичка група. Тој неколку години ги терал да вежбаат секој ден и еднаш неделно да настапуваат во градското собрание на Фримонт.[14] Девојките не биле заинтересирани да станат музичари и не станале умешни во пишување песни или во музички изведби. Во 1969 година, Остин платил за снимањето на албумот, Philosophy of the World, кој бил дистрибуиран во ограничени количини од месна издавачка куќа.[15][16] The Shaggs се распаднале во 1975 година по смртта на нивниот татко.

Во следните децении, албумот Philosophy of the World циркулирал меѓу музичарите и стекнал култни следбеници[17] меѓу познати музичари како: Френк Запа, Бони Рејт и Курт Кобејн. По реиздавањето во 1980 година од Rounder Records,[18][19] албумот добил позитивни критики за неговата уникатност од Rolling Stone и The Village Voice. The Shaggs станале предмет на фасцинација во 1990-тите откако се зголемил интересот за аутсајдерска музика и се сметаат за основоположници на овој жанр, а исто така групата имала големо влијание во развојот на тви-попот. Дот и Бети повторно се обединиле за концерти во 1999 и 2017 година; Хелен починала во 2006 година. Како Dot Wiggin Band, Дот, во 2013 година, објавила албум со претходно необјавени песни од Shaggs.

Наводи

уреди
  1. Simon Reynolds; Joy Press (1996). The Sex Revolts: Gender, Rebellion, and Rock 'n' Roll. Harvard University Press. стр. 328. ISBN 978-0-674-80273-5.
  2. Britton, Luke Morgan (17 February 2017). „One of Kurt Cobain's favourite bands reunite“. NME. Посетено на 25 August 2023.
  3. Orlean, Susan (1999-09-22). „Meet the Shaggs“. The New Yorker (англиски). Condé Nast. Посетено на 2022-08-13.
  4. Orlean, Susan (1999-09-22). „Meet the Shaggs“. The New Yorker (англиски). Condé Nast. Посетено на 2022-08-13.
  5. Chusid, Irwin (2000). „The Shaggs: Groove is in the heart“. Songs in the Key of Z: The Curious Universe of Outsider Music. Chicago: A Cappella. стр. 1–12. ISBN 1-55652-372-6.
  6. Orlean, Susan (1999-09-22). „Meet the Shaggs“. The New Yorker (англиски). Condé Nast. Посетено на 2022-08-13.
  7. Chusid, Irwin (2000). „The Shaggs: Groove is in the heart“. Songs in the Key of Z: The Curious Universe of Outsider Music. Chicago: A Cappella. стр. 1–12. ISBN 1-55652-372-6.
  8. Orlean, Susan (1999-09-22). „Meet the Shaggs“. The New Yorker (англиски). Condé Nast. Посетено на 2022-08-13.
  9. Sullivan, James (15 July 2020). „Even if their album was the all-time worst, the Shaggs still have plenty of fans“. The Boston Globe (англиски). Посетено на 2022-08-20.
  10. Connelly, Chris (December 11, 1980). „Is rock ready for the Shaggs?“. Rolling Stone. Бр. 332. Straight Arrow Publishers, Inc. стр. 19.
  11. Park, Jennifer (1 March 2017). „How I fell in love with a band considered by many to be the worst of all time“. Vice (англиски). Посетено на 2022-08-17.
  12. Cohen, Debra Rae (October 30, 1980). „Philosophy of the World“. Rolling Stone. Бр. 329. Straight Arrow Publishers, Inc. стр. 56.
  13. Connelly, Chris (December 11, 1980). „Is rock ready for the Shaggs?“. Rolling Stone. Бр. 332. Straight Arrow Publishers, Inc. стр. 19.
  14. Orlean, Susan (1999-09-22). „Meet the Shaggs“. The New Yorker (англиски). Condé Nast. Посетено на 2022-08-13.
  15. Orlean, Susan (1999-09-22). „Meet the Shaggs“. The New Yorker (англиски). Condé Nast. Посетено на 2022-08-13.
  16. Moreland, Quinn (14 October 2016). „The Shaggs: Philosophy of the World. Pitchfork (англиски). Посетено на 2021-05-13.
  17. Zoladz, Lindsay (2013-09-06). „The philosophy of the Shaggs“. Pitchfork (англиски). Посетено на 2022-08-17.
  18. Sullivan, James (15 July 2020). „Even if their album was the all-time worst, the Shaggs still have plenty of fans“. The Boston Globe (англиски). Посетено на 2022-08-20.
  19. "The Fine Line Between Good and Bad". Jon Ronson On. BBC Radio 4.

Надворешни врски

уреди