Stria vascularis (латински: „васкуларна лента“) е лентовиден орган со епителна структура сместен на надворешниот ѕид на кохлеарниот канал во кохлеата на внатрешното уво. Оваа структура ја регулира концентрацијата на јони во ендолимфата. [1]

Шема на напречен пресек низ кохлеата и stria vascularis со нејзината капиларна мрежа

Тоа е единствениот епител во човечкото тело кој е васкуларизиран, т.е. содржи крвни садови и се состои од три слоја на различни клетки (базални клетки, интермедијални и маргинални клетки). Маргиналните клетки поседуваат на нивната базолатерална страна котранспортер на Na-K-2Cl (NKCC1), а на апикалната страна канал за калиум кој овозможува одлив на калиум од маргиналните клетки во ендолимфата. Како резултат на тоа, ендолимфата е силно збогатена со калиум така што се формира електричен потенцијал од околу 80-90 mV (ендокохлеарен потенцијал) помеѓу ендолимфата и перилимфата, што е од клучно значење за процесите на трансдукција во влакнестите клетки на органот Корти. Ендотелните клетки на stria vascularis формираат таканаречена крвно-лавиринтска бариера, која не само што ја одржува концентрацијата на јони, туку и го спречува преминувањето на високомолекуларните супстанции во внатрешното уво. [1]

Во случај на оштетување на NKCC1 каналот, на пример, поради инхибиција од страна на ототоксични супстанции (на пр. фуросемид), доаѓа до губење на слухот во рамките од 30 до 50 dB.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 James Byron Snow. Tinnitus: Theory and Management. PMPH-USA. стр. 55. ISBN 9781550092431.