Simple Mail Transfer Protocol

уреди

Simple Mail Transfer Protocol(SMTP) е Internet standard за пренос на електронска пошта (e-mail) низ Internet Protocol (IP) мрежата. SMTP најпрво бил дефиниран од RFC 821 (Семрежен стандард 10) (1982)[1], и последен пат ажуриран од RFC 5.321 (2008)[2] што вклучува еxtended SMTP (ESMTP), тоа е широко распространет протокол денес. SMTP е назначен за транспорт на испрќање е-писма и користи TCP порти 25. Протоколот за нови поднесоци е онолку ефикасен колку и SMTP, но тој користи 587 порти. Додека опслужувачите за електронска пошта и други средства за размена на пошта користат SMTP за испраќање и примање на пораки, апликациите на ниво корисник-клиент единствено користат SMTP само за испраќање пораки на опслужувачи за пренос. За примање порака, корисничките апликации најчесто користат или Post Office Protocol (POP) или Internet Message Access Protocol (MAP), или пак сопствен систем (како Microsoft Exchange или Lotus Notes/Domino) за пристап на поштенските сандачиња на нивните кориснички сметки.

Историјат на SMTP

уреди

Различни облици на еден-на-еден електронски пораки се користеа во 60-тите години на минатиот век. Луѓето комуницираа едни со други користејќи системи развиени за специфични mainframe компјутери. Колку повеќе компјутери се меѓусебно поврзани, особено во Владата на САД ARPANET, стандардите се развиваа да им овозможат на корисниците да користат различни средства за да си праќаат e-mail Архивирано на 23 април 2015 г. едни на други. SMTP порасна над овие стандарди кои се развиваа во 1970-тите.

SMTP води корени од две имплементации опишани во 1971, Mail Box Protocol, за кој се оспорува дека бил имплементиран,[3] но се разговара во RFC 196 и други RFCs, и програмата SNDMSG, која според RFC 2235, Реј Томлинсон од BBN “измислува” испраќање преку ARPANET за TENEX компјутери.[4][5][6] Во ова време, во ARPANET беа поврзани помалку од 50 домаќини.[7]

Дополнителни имплементации вклучуваат FTP Mail и Mail Protocol,[8] двата од 1973[9] година. Работењето продолжи да се развива во текот на 1970-тите, сè до 1980 кога ARPANET се претвори во модерениот Internet.[10] Во 1980 година, Џон Поштел го прикажа Mail Transfer Protocol, со што започна да се отстранува од употреба FTP Архивирано на 12 декември 2011 г. за пошта. SMTP беше објавен како RFC 821, во август 1982 година, исто така, од Поштел.

Стандардот SMTP е развиен во истото време како Usenet, еден-на-многу комуникациска мрежа со некои сличности.

SMTP се распространи широко во употреба во раните 1980-ти. Во тоа време, тоа беше надополнување на Unix to Unix Copy Program (UUCP), кој беше подобро прилагоден за да се справи со размена на е-пошта помеѓу машини кои биле поврзани со прекини. SMTP, од друга страна, работи најдобро кога и двтете машини, онаа која испраќа и онаа која прима, се приклучени на мрежата постојано. И двете користат, store and forward механизам и се примери на push technology. Иако Usenet’s newsgroup сè уште се шири со UUCP меѓу опслужувачи,[11] UUCP поштата практично исчезна,[12] заедно со “bang paths” го користат како заглавје со насочувачка порака

Написот за пренапишување на испраќачот содржи технички информации во позадина за историјата на почетниот SMTP и изворното насочување пред RFC 1123.

Наводи:

  1. RFC 821, Simple Mail Transfer Protocol, J.B. Postel, The Internet Society (August 1982)
  2. a b RFC 5321, Simple Mail Transfer Protocol, J. Klensin, The Internet Society (October 2008)
  3. The History of Electronic Mail, Tom Van Vleck: "It is not clear this protocol was ever implemented"
  4. The First Network Email Архивирано на 6 мај 2006 г., Ray Tomlinson, BBN
  5. Picture of "The First Email Computer" Архивирано на 24 август 2010 г. by Dan Murphy, a PDP-10
  6. „Dan Murphy's TENEX and TOPS-20 Papers“. Архивирано од изворникот на 2007-05-31. Посетено на 2011-01-15.
  7. RFC 2235
  8. RFC 469 - Network Mail Meeting Summary
  9. RFC 524 - A Proposed Mail Protocol
  10. RFC 772 - Mail Transfer Protocol
  11. Tldp.org
  12. draft-barber-uucp-project-conclusion-05 - The Conclusion of the UUCP Mapping Project

Натамошно читање:

  • Hughes, L (1998). Internet e-mail Protocols, Standards and Implementation. Artech House Publishers. ISBN 0890069395.
  • Hunt, C (2003). sendmail Cookbook. O'Reilly Media. ISBN 0596004710.

Надворешни врски: