Science Citation Index
Science Citation Index (SCI) претставува реферативно спиание кое е основано од страна на Institute for Scientific Information (ISI) во 1960. Денес ова реферативно списание е во сопственост на Thomson Reuters.[1] Во оnline верзијата на ова реферативно списание се пренесуваат податоци од околу 6400 водечки светски научни списанија од областа на науката и технологијата. Online верзијата на ова реферативно списание достапна е преку Web of Science базата на податоци, која пак, претставува дел од Web of Knowledge (збир од повеќе бази на податоци).
Со пребарување низ оваа база на податоци може да се дојде до информации за тоа кои се референците кои се пренесени во рамките на еден научен труд (или научна статија), а со тоа може да се определи кои научните и кои статии на дадени научници колку се значајни (односно колкаво влијание имаат) за светската научна јавност. Пристапот до оваа многу популарно реферативно списание (односно до неговата online верзија) не е бесплатен.
Денес ова реферативно списание претставува неофицијален стандард за реномето на секој истражувач. При изборот на соработници во рамките на научните институции, при вработувања, за да се биде поканет како предавач на конференција или конгрес многу е битно колку статии на некоj научник се реферирани во списанија кои се опфатени со SCI и колку пати тие статии се цитирани од други научници во рамките на SCI.
Литература
уреди- ↑ „Science Citation Index“. Посетено на 2009-08-30.
Повеќе информации
уреди- Social Sciences Citation Index, пренесува податоци за трудови од 1700 спианија започнувајќи од 1956.
- Arts and Humanities Citation Index, пренесува податоци за трудови од 1130 спианија започнувајќи од 1975.
- Фактор на влијание - Impact factor
- Institute for Scientific Information
Надворешни врски
уреди- Introduction to SCI Архивирано на 17 ноември 2007 г.
- Master journal list Архивирано на 17 ноември 2007 г.