Подмолна гулапка

(Пренасочено од Russula badia)

Подмолна гулапка (Russula badia) — неотровна но луѓето сепак ја избегнуваат оваа печурка поради нејзината лутина.

Шапка

уреди
 
Подмолна гулапка
 
Подмолна гулапка

Светла окер боја со големина од 5–12 cm, благо испупчена, скоро рамна, во средината вдлабена како јама или чинија. Ивицата е тапо заоблена, ребреста помеѓу 0,5 и 1 сантиметар. Кожичката во свежа состојба е набабрена,леплива и со мрсен сјај. Често на себе носи прилепени остатоци: иглички, листовии земја. Свежата кожа се симнува до половина. Загаситоцрвена, смеѓоцрвена и скоро црна, посебно на темето потемна и црна, често со костенлив тон, понекогаш и бледа и тогаш е црвенкасторазмачкана, месната до кожната основа.

Жабри

уреди

Бело во нијанси на плодот на бадемот, потоа жолти, и на крај во староста светло окер. Скоро опаѓачки се жабрите, најшироки се на работ, 1,2 см. Работ е лесен, но често е кафеав или црвен на страната на работ. Многу е кревка.

Боја

уреди

Од 5-10 / 1,5-3,5 сантиметри, цилиндричен, стомак или задебелен во клуп, заоблен на врвот или малку зашилен. Површината прво е заматена, потоа сјајна, надолжно ребрести, особено на горниот дел. Бела, но претежно кафеава или кармин розова во долната половина. Кора густа и тврда, јадрото помеко. подоцна сунѓересто-порозно.

Дршка

уреди

Имаме прилично ретка красница, почесто во близина на дабови и слатки костени отколку кај борови. Го има повеќе во Медитеранот отколку во континенталните области.

Месо

уреди

Цврсто или круто, суво и бело. Вкусот на почетокот е благ, но по една или две минути пеколно луто. Лутината трае долго откако ќе ја пробате. Мирисот на исечени лисја е слаб или во долниот дел од дршката, особено ако е предизвикан од црви, се чувствува малку како мирис на бор.

Хемиски реакции

уреди

На месото, се јавуваат посветли месесто-виолетови,или по листовите како црвеникава мравка. На површината на дршката бојата е од лимон жолта, до месото бледо окер боја. На СВ, кожата станува посветла и посјајна, површината на дршката е одвоена розова, а месото, и во клобукот и во дршката, е црвено како кармин.

Микроскопија

уреди

Спорите се кружни, 8-10 / 7,5-10 милји, со зашилени, не густи брадавици, изолирани или делумно поврзанисо ребра. Базидиумот 38-56 / 7,5-10,5 милји. 60-80 / 9-13 милји, со прачкасти приврзоци или гроздести.

Живеалиште

уреди

Кај нас поретка гулабка. Расте најчесто покрај даб и питоми костени. Најчесто ја има во средоземните подрачја а поретко во континенталните, не се јаде заради неподносливата лутина. Расте во месеците: јуни, јули, септември и октомври.

Јадливост

уреди

Не е јадлива поради неподносливата лутина.

Слични видови

уреди

Иако е ретка, тука ви е прикажано за да се осигурате од изгореници во устата. Кога ќе наидете на темно црвена гулабка, пред да се решиме да ја пробаме, треба да ја смачкаме и да го намирисаме дното на дршката. Ако мирисот наликува на четинарно дрво, не гризете или не го проверувајте вкусот во устата. Најмногу наликува на црно виолетовата гулапка која се јаде, привремено е лута, но ливчињата имаат побела боја и листовите на шапката немаат мирис.

Извор

уреди
  • Клуч за печурките; Иван Фохт; ИТРО „Напред“; Загреб 1986 година