Волчји вргањ

(Пренасочено од Rubroboletus lupinus)

Волчји вргањ (Rubroboletus lupinus), не е јадлив и е вргањ од родот (Rubroboletus). Првично опишан од Елиас Магнус Фрис во 1838 година како вид на Вргањ, тој бил пренесен во (Rubroboletus) во 2015 година, род ограничен за да биде домаќин на други сојузнички црвено-обоени, со сини-дамки видови вргањи кои формираат посебна обвивка. Епитетот на видот е изведен од латинскиот збор лупус, што значи „волк“.

Волчји вргањ
Волчји вргањ (Rubroboletus lupinus)

Опис

уреди

Шапката е со пречник од 7- 12 см. прво полутопчеста,потоа како перница,често длабоко засеченаи разделена на нееднакви крила.Кожичката на печурката во младоста е кадифеста но како старее оголува, обично е сува и кратко го прераснува работ. Бојата на шапката во целина е со црвени тонови,со нијанси на малина па дури и со виолетова боја.

Споровиот прав е темно маслинесто-кафеав, спорите окер-кафеави, издолжено бадемасти.

Вдлабнатите места се поцрвени. Мозолчињата на површината поцрнуваат а само младите посинуваат на допир или притисок. Цевчињата нагло се стеснуваат околу дршката и прават вдлабнатина. долги се 5 - 16мм.и по боја се прво лимон-жолти а потоазелено-сивожолти.На пресек посинуваат.

Дршката е тесна на врвот,надолу задебелена или меваста и во основата најдолу повторно нагло се стеснува сè до коренот. Дршката нема мрежичка но често е со ситни и густи точки во горната половина прво црвенкасти а потоа кафеави.

Месото тврдо, жолто или нечисто бело, на пресек посинува. Мириса остро и непријатно на мед или мастило. Вкусот е блуткав и предизвикува мачнина.

Волчјиот вргањ сака топли краеви во Македонија е поретка. Сезона на растење во септември и октомври не е јадлива.

Молекуларните студии откриле значителна генетска варијација меѓу европските популации на волчјиот вргањ (R. lupinus), ставајќи ја печурката во сестринска врска на (Rubroboletus dupainii). Видот се наоѓа во топли широколисни шуми, формирајќи ектомикоризални асоцијации со разни видови даб (Quercus) и сладок костен (Castanea).

Наводи

уреди