Регистар на токсичните дејства на хемиските супстанции
Регистар на токсичните дејства на хемиските супстанции (RTECS, од анг. Registry of Toxic Effects of Chemical Substances) — база на податоци за токсичност заснована на научна литература. Сè до 2001 г. била одржувана од Националниот институт за безбеднсот и здравје при работа на САД (NIOSH) со слободен пристап. Денес се одржува од приватното претпријатие BIOVIA[1] или неколку добавувачи и се нуди само со наплата или претплата.
Содржина
уредиБазата има шест видови информации за токсичноста на супстанциите:
- Првично надразнување
- Мутагенски дејства
- Дејства врз репродуктивната способност
- Туморопредизвикувачки дејства
- Силна токсичност
- Друга токсичност на повеќекратни дози
Дадени се бројчени вредности за токсичноста како LD50 (средна смртоносна доза), LC50 (смртоносна концентрација), TDLo (најниска позната токсична доза) и TCLo (најниска концетранција со токсично дејство). Заведени се изучените вид и начинот на внесување. Сите податоци имаат наведени библиографски извори.
Историја
уредиИзготвувањето на RTECS било пропишано од Конгресот на САД согласно Оддел 20(a)(6) од Законот за безбедност и здравје при работа од 1970 г. (PL 91-596). Првичното издание наречено „Список на токсични супстанции“ (Toxic Substances List) е објавено на 28 јуни 1971 г. и опфаќало токсиколошки податоци за приближно 5.000 хемикалии. Подоцна го добило денешното име. Во јануари 2001 г. базата содржела 152.970 хемикалии. Во декември истата година RTECS прешол во сопственост на приватното претпријатие „Elsevier MDL“. „Symyx“ го откупил MDL од Елсевир во 2007 г. заедно со базата на токсичност. Оваа база е достапна само со годишна претплата.
RTECS е достапен на англиски, француски и шпански од Канадскиот центар за здравје и безбедност при работа. Се нуди на семрежјето, на CD-ROM и во интранет. Базата е достапна и на NISC (National Information Services Corporation, RightAnswer.com и ToxPlanet (Timberlake Ventures, Inc).
Наводи
уреди- ↑ „BIOVIA Databases | Bioactivity Databases: RTECS“. accelrys.com. Архивирано од изворникот на 2018-06-19. Посетено на 2018-06-19.
Надворешни врски
уреди- Преглед на RTECS (англиски)
- RTECS на мреж. место на Accelrys (англиски)Архивирано на 23 октомври 2013. (англиски)
- RightAnswer (англиски)
- ToxPlanet (англиски)