Отвори го главното мени

RT, претходно позната како Russia Today, e глобална повеќејазична телевизиона мрежа за вести со седиште во Русија. RT беше првата целосно дигитализирана руска телевизиска мрежа. Услугите и се наменети за странскиот пазар, слично на DW-TV, France 24 и NHK World, и се емитува преку сателити и кабелски оператори низ светот.

RT
Russia-today-logo.svg
Отпочната10 Декември 2005
СопственикANO TV-Novosti
ДржаваРусија
ЈазикАрабски, Англиски, Руски, Шпански
Област на емитувањеСветовно
СедиштеМосква, Русија
Претходно имеRussia Today
Сестрински канал(и)Rusiya Al-Yaum, Vesti
Веб-странаRT.com

Новинарската мрежа, којашто чинеше околу 30 милиони долари во 2005 за да се создаде и 60 милиони долари за првата година на работа, почна да емитува на 10 декември 2005 година со речиси 100 англиски говорешти новинари известувајќи од целиот свет. RT емитува од седиштето во Москва и студиото во Вашингтон. Исто така има бироа во Мајами, Лос Ангелес, Лондон, Парис, Делхи и Тел Авив. RT е достапна во преку 100 земји на пет континенти преку кабелска, сателит и бесплатен онлајн стреаминг услуга од сајтот на RT. Во дополнување на програмата на англиски, RT исто така ѓи работи RT Arabic, RT America, и Actualidad RT во Шпанија.