OneCoin е пирамидална шема[1][2] која се промовира како криптовалута со приватен криптографски синџир. Оваа валута е промовирана од страна на оф-шор компанија OneCoin Ltd (Дубаи) и OneLife Network Ltd (Белиз), и двете предводени од Ружа Игнатова од Бугарија.[3] OneCoin е опишан како Пирамидална шема, и поради тоа како е поставено и затоа што многу од луѓето кои се централни за OneCoin претходно биле вклучени во други такви измами.[4][5]

Концепт

уреди

Според OneCoin, нејзината главна дејност е продажба на образовен материјал за тргување. Членовите се во можност да купат образовни пакети кои се движат од 100 евра за да се 118,000 евра. Секој пакет вклучува "жетони", кои може да бидат доделени за "ископување" на OneCoin-и. OneCoin се „ископуваат“ од опслужувачи на две локации, во Бугарија и во Хонгконг. Секое ниво (освен шест и седум) или пакет, дава нов образовен материјал, кој е плагијат од неколку извори.[6] Компанијата и нејзините работодавци тврдат дека OneCoin не продава крипто валута, туку само образовен материјал. Сепак, во типичен состанок при OneCoin регрутирање, поголемиот дел од времето рекрутерите зборуваат за инвестирање во крипто валута и образовен материјал едвај се споменува.[7]Предлошка:Or

Наводи

уреди
  1. Morris, David Z. (31 May 2017). „The Rise of Cryptocurrency Ponzi Schemes“. The Atlantic. Посетено на 5 June 2017.
  2. „Survey: Malaysians Warm Up to Cryptocurrencies,“. Посетено на 5 June 2017.
  3. „Vil ikke være politi“. direktesalgsforbundet.no. Архивирано од изворникот на 2016-03-08. Посетено на 25 March 2016.
  4. cointelepgraph.com (2015-05-27). „OneCoin exposed as global MLM Ponzi scheme“.
  5. „indian police label 12 million onecoin operation a clear ponzi scheme“. The Indian Express. 10 July 2017. Посетено на 10 July 2017.
  6. Petteri Järvinen (2015-05-29). „OneCoin-koulutusmateriaali kopioitu kirjoista“ (фински).
  7. „OneCoin valtaa Aasiaa“ (фински). 2016-03-01. Архивирано од изворникот на 2017-11-17. Посетено на 2017-10-23.